Црквата во Мексико ги поддржува иницијативите на домородното население

Црквата во Мексико ги поддржува иницијативите на домородното население

Црквата во таа латиноамериканска држава е блиску до домородното население поддржувајќи ги нивните воспитни, економски и духовни иницијативи. Епископската конференција смета дека благодарение на нивната култура, нивната традиционална медицина и размената на добра, тие народи најдобро успеваат да се спротивстават на кризата предизвикана од пандемијата.

Потпирајќи се на наследената мудрост и на традиционалната медицина и враќајќи се на економските облици како размена, локалното население во Мексико подобро се спротивставува на болеста Ковид-19 – стои во соопштението на Мексиканската епископска конференција. Пандемијата ја поттикна таа заедница да се врати на своите заеднички здравствени системи, наследените облици на економијата, и да се организираат за да напредуваат – се напоменува во соопштението.

Локалната Црква настојува да ги следи и придружува тие народи обидивајќи се да ги зајакне шесте стожери во нивниот живот: територијата, работата на заедниците, мајчиниот јазик, собранието, власта внатре во заедниците и славеничкиот и духовен аспект. Имено димензијата на пасторалот на домородните народи и Афромексиканците е насочена што се однесува до територијата на промовирање на точно одредени работи заради заштита на загрозените територии на тие заедници и на промовирање на кампањи со цел подигање на свеста за грижа за мајката земја.

Што се пак однесува на работата во заедницата Црквата соробатуваше за да ги поддржи семејните и заедничките градини и поттикна на размена на добра кои некои заедници започнаа да ги сметат за алтернативен и солидарен облик на економија, а ги подржала исто така и здравствените и прехранбените системи на самите заедници. (…)

На крајот Црквата организирала видео конференција за да ги информира жителите за нивните здравствени и работни права, а се грижеше исто така за славеничкиот и духовниот аспек организирајќи денови на молитва, секој 12 во месецот кога се молеше до Пресвета Богородица од Гвадалупе за крај на пандемијата. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот