Многу малолетници дојдоа во кампот откако претрпеле насилство и злоупотреба од секаков вид, некои од нив биле принудени да се борат или да извршуваат дела на крајно насилство, други биле затворани во центри за притвор или сиропиталишта.
Во Сирија најмалку 70 000 луѓе живеат во бегалскиот камп Ал-Хол. Според податоците на УНИЦЕФ повеќе од 90% се жени и деца. Мнозинството од нив се малолетници со помалку од 12 години, многу се ранливи, преживеале тешки борби, некои биле затворани и доживеале незамисливи ѕверства. Кампот се наоѓа на рамно подрачје, летото е многу топло заради високите температури, а зимата ладно заради ветрот и дождот. Шаторите се наредени во долги редови, сите исти и сите анонимни. Деца доаѓаат од Сирија, Ирак и од други 62 земји.
Хуманитарна помош тешко доаѓа како што е и отежнат пристапот до питка вода и здравствена заштита. Работиме заедно со своите партнери и донатори за да им загарантираме на децата непосредна помош во спасувањето на животот – рече по еднонеделниот престој во кампот Ал-Хол Фран Екуица претставник на УНИЦЕФ за Сирија и додава, треба да направиме многу повеќе за на децата да продолжи да им се пружат основните услуги и заштита, вклучувајќи реинтеграција во нивните локални заедници и сигурно враќање во нивните земји од каде доаѓаат.
Многу малолетници дојдоа во кампот откако претрпеле насилство и злоупотреба од секаков вид, некои од нив биле принудени да се борат или да извршуваат дела на крајно насилство, други биле затворани во центри за притвор или сиропиталишта. За ситуацијата во тој камп знаеме преку информациите од малку меѓународни организации кои можат да делуваат внатре во него. Луѓето кои живеат во кампот на некој начин се сметаат за припадници на непријателите.
Тие се деца, жени па и самите борци кои се фатени во текот на борбата против самопрогласената Исламска држава што е пак изговор за оние кои ги држат во заточеништво и без основни услови. Опасноста е дека задржувањето на толку луѓе во нечовечки услови да стане камче во иден мозаик на враќање на омразата и општествената маргинализација кои ја создадоа џихадистите – изјави за Радио Ватикан Еугенио Дакрема аналитичар за Институтот за студии за меѓународна политика.
Во последните неколку месеци најмалку 250 деца се разделени од своите семејства и останале без придружба. Среќа 214 од нив повторно можеа да им се придружат на семејствата додека 74 од нив сѐуште се сместени во привремени центри за помош. УНИФЕЦ поддржува проекти за образование и рекреација кои се прилагодени за децата. Дванаесет илјади деца примиле психолошка помош, а посебно деца без родители.
Од почетокот на годината подвижните тимови за здравје и исхрана поддржани од УНИЦЕФ и Светската здравствена организација помогнаа со вакцини и храна. Секој ден УНИЦЕФ и неговите партнери обезбедуваат повеќе од милион и половина литри питка вода и 750 000 литри вода за готвење. Бидејќи во текот на летото потрошувачката на вода расте, тоа ќе биде постојан предизвик да се обезбедат доволни количини. Се планира да се направат и повеќе од илјада тоалети.
Крајот на конфликтот сѐуште не е блиску. Војната не е готова. Големи се проблемите кои треба да се решат. Ситуацијата во Сирија би можела да се смири или барем секојдневното насилство на кое со години сме сведоци, би можело значително да се намали. Состојба на вистинска рамнотежа сѐуште не гледам, можеби се наѕира на хоризонтот – заврши Еугени Дакрема.
Ватикан њуз/к.мк