Ние во Африка нема да прифатиме меѓународните организации и богатите ‘човекољупци’ да нѝ ја наметнат културата на смртта

Целта на дводневниот собир, на кој присуствуваше и кардиналот Петер Турксон, повторно беше нагласена светоста на животот од зачнувањето до природната смрт, но и вредноста на семејството и бракот како неразделива заедница помеѓу мажот и жената, отворени за живот.

Црквата во Гана и понатаму ќе продолжи да се спротиставува на постојаните и штетни обиди на богатите човекољупци, земји донатори и меѓународни организации, во Африка да го наметнат демографска контрола, со изговор на правото за сексуално и репродуктивно здравје – беше истакнато во завршната изјава од собирот одржан во Акра на 7 и 8 август, насловена како „Да се промовират вредностите на животот и семејството пред сегашната култура на смртта“, кој што го беше организирала Бискупската конференција на оваа земја.

Целта на оој дводневен собир, на кој присуствуваше и кардиналот Петер Турксон, претседател на Папскиот совет за правда и мир, беше повторното нагласување на светоста на животот од зачнувањето до природната смрт, како и вредностите на семејството и бракот како неразделива заедница помеѓу мажот и жената, отворени за живот. Денес тие вредности во Африка се загрозени, и тоа заради сѐ поголемиот број на абортуси, контрацепциски методи и влијанието на новите модели на брак и семејство кои се во мода во другите земји, а се спротивни на Божјиот план и воедно штети на интегритетот на човековата личност и на институцијата ‘семејство’ – истакнаа бикупите во изјавата.

На негативното влијание од западните земји во својот говор посебно се истакна бискупот Јосеф Африфах – Агјекум, претседател на Бискупската комисија за здравство, кој го нагласи потребата итно да се реагира на оваа аспирација. Народот во Гана и сите во Африка треба да се спротистават на искушенијата да ги имитираат другите народи, извлекувајќи поука од последиците на моралното застранување на Западот – предупреди бискупот и додаде – Во Гана и во Африка имаме мисија да го промовираме животот во светот; не можеме да му избегаме на Божјото Слово или да го отфрлиме.

Битно.нет/З.А.

Фотографија: Shutterstock

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот