Епископот Паоло Бицети за неуспешниот воен удар во Турција

Во Турција не успеа државниот удар против претседателот Едоган. До сега во конфликтот загинаа окnолу 200 луѓе, а фатени се речиси три илјади бунтовници.

По неуспешниот државен удар во Турција владее голема напнатост. Кризата затекна голем број туристи, откажани се стотина летови за и од Истанбул. Во Турција состојбата се влошува, незадоволството расте и заради војните на Блискиот Исток: тоа е пожар кој би можел да се прошири – изјави за Радио Ватикан апостолскиот управител на Анадолија епископот Паоло Бицети, истакнувајќи ја сѐ поострата конфронтација помеѓу застапниците на секуларна држава како војската и промоторите на поголема исламизација на турскиот народ.

Каде што јас живеам, му благодарам на Бог состојбата е мирна. Се чувствува голема напнатост, но е мирно… И нна нас ни е тешко да ја сфатиме реалната димензија на овој конфликт затоа треба да се биде многу внимателен. Иако поголем дел од луѓето се мирољубиви и живеат мирно не може да се негира дека во последно време е водена политика на омраза и конфронтација, а тоа во одреден момент доведува до поголема експлозија – рече епископот Бицети додавајќи:

Мислам дека би било многу паметно да не се подигнуваат тонови повторно да се воспостави барем малку мир потребен за разбирање на бунтовничката причина: иако сè уште не се знае колку е проширен бунтот, таа секогаш е показател на незадоволство. Треба да се откријат причините за бунтот – рече апостолскиот администратор.

На прашање како во овој момент да се сведочи во Турција рече дека дијалогот е најдоброто оружје за сведоштво и единствено дијалогот може да загарантира цивилизиран живот. Верувам дека Црквата секогаш еднодушно ќе сведочи дека е најдобро да се намалат тоновите и треба да се сфатат причините за незадоволството – заврши апостолскиот администратор епископот Бицети.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот