Во присутност на папата Фрањо во понеделник, 21 октомври 2019 година, одржана е 14. Генерална седница на Синодата за Амазонија, на која пред 184 синодални оци е претставен нацрт Завршниот документ
Главниот известувач кардинал Клаудио Хумес, поранешен надбискуп на Сан Паоло и претседател на Панамазонската црковна мрежа (REPAM), во синодалната сала го претстави нацрт Завршниот докумнет од оваа синода. Текстот, кој содржи резултати од излагањата одржани за време на работата, ќе бидат разгледани во мали групи како би се обработиле со ‘заедничките погледи’.
Програмата за следните денови
Тие предлози во среда и четврток, од страна на главниот известувач и посебните секретари, со помош на стручни лица, ќе бидат внесени во Завршниот документ. Потоа текстот ќе го прегледа Комисијата за составување на документи, а во петок попладне за време на 15. Генерална седница ќе биде и прочитан. На крајот, во сабота попладне, на 16. Генерална седница ќе се гласа за Завршниот документ.
Проповед на надбискупот Кабрејос Видарте
И оваа Седница по обичај започна со молитвата на Третиот час. Проповед одржа монсињор Мигуел Кабрејос Видарте, надбискуп во Трухило и претседател на Советот на бискупските конференции на земјите од Латинска Америка (CELAM), кој го истакна примерот на свети Фрањо и песната до созданијата. За сврти Фрањо убавината не е прашање на естетика, туку на љубов, братство по секоја цена, милост по секоја цена. Тој светец од Асизи ги прифаќа сите созданија со љубов и со невидена приврзаност, па дури и им зборува за Господ, поттикнувајќи ги да го слават – рече надбискупот.
Да се познава, препознае и врати
Да се познава, препознае и врати – додаде моснињор Видарте – тоа се зборови кои го одбележуваат ‘ритамот’ на духовниот од на асишкиот сиромав, односно тоа значи да се запознае најголемото Добро, да се препознаат Неговите благодати и да му се врати со благодарност. За свети Фрањо имено, гревот е присвојување на волјата, но и добрата кои Господ ги прави во човечкото битие; благодарноста всушност значи враќање.
Бог – Отец на сите и на сѐ
Сето создадено, вели свети Фрањо во Песната на созданијата, ќе посредува во упатувањето на благодарност до Бог. Тоа всушност ја исполнува празнината на човечкото битие кое поради гревот е лишено од достоен глас за пофалба на Создателот. Свети Фрањо во Бог го открива местото на создавање и целото создание му возвраќа на Бог, затоа што во Него гледа Отец на сите, но и Отец на сѐ – истакна надбискупот.
Работната на оваа седница заврши со излагања на гостин, кој се осврна на темата за целосна екологија, посебно во однос на климатските промени.
Ватикан њуз/к.мк