Папата се сретна со кардинал Раи

Папата се сретна со кардинал Раи

Светиот Отец во сабота 28 ноември 2020 година го прими во аудиенција маронитскиот католички кардинал патријархот Бехар Бутрос Раи.

Кардиналот го повика Папата да го посети Либан и го запозна со напорите на локалната Црква одговарајќи на растечката хуманитарна потреба, во сред економска и политичка криза, на која претходеше и експлозијата во Бејрут на 4 август.

Патријархот го информираше Папата за нестабилноста во земјата, која предизвика голема економска криза, ја зголеми стапката на сиромаштво и предизвика ‘егзодус’ на населението.

Тој истакна дека властите „не искажаа солидарност и одговорност“ за експлозијата во бејрутското пристаниште, која уништи дел од градот. Загинаа повеќе од 200 лица и уште 600 ранети, а штетата е повеќе од 4 милијарди долари. Повеќето од жителите на Либан живее во сиромаштво, а десетина илјади луѓе останаа без работа.

Кардиналот исто така истакна дека католиците во Либан формираа добротворна организација „Ал Карма“, која се грижи за сиромашните деца. Мото на организацијата е „Ниту едно семејство да не умира од глад, ниту пак да се чувствува осамено“.

Кардиналот престојуваше во Рим по повод конзисториумот на кој Папата креира нови кардинали.

Светиот Отец изрази солидарност со либанскиот народ и рече дека постојано се моли за него.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот