Се разликуваат ли католичките семејства од другите семејства и доколку се разликуваат – по што се разликуваат?

Со приближувањето на Светската средба на семејствата и Синодата за семејството, црквата сериозно и искрено размислува на ова прашање: Се разликуваат ли католичките семејства од останатите семејства? Намерата не ми е во оваа статија да дадам конечен одговор на ова прашање, туку да понудам пет најважни карактеристики на семејствата кои живеат католички начин на живот.

  1. Католичките семејства заедно одат на света Литургија

Евхаристијата е длабок извор на љубовта и интимноста на кој католичките семејства се повикани да пристапат. За да би се остварило ова, католичките семејства во недела и на празниците (ако е можно и почесто) заедно одат на света Литургија и активно учествуваат во светотаинскиот живот на Црквата. Иако понекогаш и католичките семејства се откажуваат од меѓусебната љубов, тие редовно пристапуваат на света. Исповед (се препорачува барем еднаш месечно) за да можат да бараат Божја прошка, милост и надахнување за да можат така повеќе и подобро да ги сакаат своите ближни.

  1. Католичките семејства се молат заедно

Католичките семејства се повикани да ги сакаат другите со љубовта која произлегува од самото Божјо срце. Тоа може да го правиме доколку заедно го молиме Бог да нѐ научи на тоа. Затоа, со лична молитва и присуствуање на света. Литургија повикани сме секојдневно да се собираме заедно како семејство.

Може да го искористиме своето време за молитва за да можеме…

–       Да заблагодариме на Бог за неговиот благослов во нашиот живот.

–       Да молиме за прошка кога не сме се сакале едни со други како што треба.

–       Да молиме за милост со цел да може да се сакаме едни со други.

–       Да се молиме за нашите лични потреби и потребите на целата Црква.

–       Да ја бараме Божјата волја во нашиот живот.

На семејната молитва треба да гледаме како на време на интимност и радост кои го поминуваме со Бог, а не како на некоја должност или обврска.

  1. Католичките семејства се повикани на интимност

Христијанскиот живот е повик на интимно заедништво (Иван 17, 21). Католичкото семејство служи на овој повик за создавање училиште на љубовта (ККЦ 1657) во кое се научува како да се сака Бог и другите луѓе со сето свое срце, ум, душа и сила (Лука 10, 27). За да го правиме ова, потребно е постојано да бараме нови патишта со кои уште повеќе ќе се отвориме во љубовта кон другите како маж и жена, како родители и деца.

На пример, децата би требало да бидат видлив знак на љубовта помеѓу мажот и жената. Католичките семејства ова го наследуваат во својата отвореност кон животот и напорната работа за одржување на квалитетен меѓусебен однос.

Да би го сториле ова потребно е да се негуваат брачните и родителските навики во кои секој член од семејството ќе се чувствува сакан и да се вежба во оние доблести кои нѝ помагаат да го живееме својот живот како дар (Евангелиум Вите, 92). Потребно нѝ е лидерство во љубовта, за да би ги дисциплинирале децата и да ги научиме на правилно и доблесно однесување – наместо да ги казнуваме. Повикани сме да поминеме одредено време со секој член од семејството за да би можеле подобро да ги запознаеме нивните ставови, чувства и желби кои се наоѓаат во длабочината на нивните срца. Потребно е да издвоиме време за тие активности во кои некој член од семејството ја пронаоѓа вистината, добрината и убавината, па дури и кога нашите интереси не се совпаѓаат со неговите.

  1. Католичките семејства го ставаат семејството на прво место

Според нашите семејни односи Бог нѝ помага да бидеме вакви какви нѐ создал. Кон семејниот живот потребно е да се однесуваме како кон најважната работа во нашиот неделен распоред. Така да ги распоредиме нашите обврски за да го заштитиме своето семејство: да организираме заеднички ручеци, да одвоиме време за одење на света Литургија и молитва, да организираме вечер на заеднички игри итн. И покрај сите овие точки да одвоиме и време за заеднички разговори со целото семејство како и со секој член посебно. Сите овие настани нѝ овозможуваат заедно да работиме, да се забавуваме, да разговараме и да се молиме. Да се држиме до овие обврски како „свети ритуали“ на семејството и да им дадеме предност пред сите оние активности кои се обидуваат да ги стават во сенка.

  1. Католичкото семејство е сведоштво и знак

Да препознаеме како Бог сака да го промени светот преку нашето семејство. Во неговиот план ние активно учествуваме на два начина:

• Напорно се трудиме за да би биле сведоци на љубовта, радоста и интимноста за кои тежнее секој човек. Оваа љубов ние ја споделуваме во добри и лоши времиња, во болест и во здравје, во богатство и сиромаштво.

• Ние настојуваме да ја пренесеме оваа љубов надвор од нашите домови служејќи ѝ на својата заедница на начин кој го зајакнува нашето семејство. Се вежбаме во телесните и духовните дела на милосрдието во и надвор од нашите домови. Редовно разговараме за тоа како може да бидеме подобар знак на Божјата љубов во овој свет.

Како е со вас?

Потсетувам, намерата не ми е да дадам конечен одговор на прашањето по што се разликува католичкото семејство од другите семејства, туку да понудам пет карактеристики кои ни овозможуваат да тргнеме за да го добиеме овој одговор. Што може да направи твоето семејство за придонесување за оваа разлика?

Битно.нет/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Размислување, Свет

За авторот