Вкупно 16 жртви од кои четири сестри Мисионерки на љубовта, Конгрегација која ја основа света Мајка Тереза од Калкута настрадаа во терористичкиот напад на домот за стари лица во 2016 година во Аден, Јемен држава чија војна често се заборава и чија хуманитарна криза денес е најлоша на свеско ниво.
Тоа беа сестра Анселна, Јудит, Маргарита и Регинете со потекло од Индија, Кенија и Руанда. Епископот Пол Хиндер апостолски викар за јужна Арабија тогаш во разговор за Радио Ватикан истакна дека тие четири монахињи и порано биле предмет на терористички напади, но одлучиле да останат без разлика што ќе се случи затоа што тоа е дел од нивната духовност.
Папата Фрањо после нападот изрази сочувство со телеграма која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин. Слушајќи ја таа вест Папата беше шокиран и длабоко растажен – истакнато е во телеграмата, и загарантирана е молитва за жртвите и духовната близина до нивните семејства и до сите погодени од тој чин на бесмислено и ѓаволско насилство. (…)
Се проценува дека моментално од 4 до 5 граѓани во Јемен им треба хуманитарна помош. Повеќе од 4 милиони лчуѓе во годините на конфликтот мораа да го напуштат својот дом, а повеќе од половина се малолетници. Две третини од населението целосно зависи од меѓународната помош. Епископот Пол Хиндер неодамна во разговор за Радио Ватикан рече дека ситуацијата е на „работ на катастрофа“. Причините се многу. Постои проблемот со гладот, здравјето, а пред сѐ војната и несигурноста – рече епископот, со сите последици кои можат да се замислат. Сушата е и земјоделците се ограничени во обработувањето на земјата. Па, тешко е да се каже на која итно ситуација мора прво да се пристапи. Би рекол дека луѓето треба да се нахранат затоа што во спротивно умираат, а потоа сѐ останато.
Сестрите Мисионерки на љубовта живеат во надежта дек сето тоа е семе за нов живот и уште поголема љубов, а тие како мисионерки го прикажуваат својот живот на Бог за сиромашните меѓу сиромашните. (…). И таа била причината за нивното останување во Аден за да им служат на сиромашните во сокриеност и тишина. Секојдневниот живот го сочинуваат малите работи: тоа значи да живееш во подножјето на крстот.
На неодаменешната донаторска конференција ветени се средства во износ од 1,7 милијарди долари за помош на Јемен, што е помалку од половина потребното за сузбивање на уништувачкиот глад. Освен тоа последните денови расте загриженоста за цивилите кои бегаат од покраината Мариб каде конфликтите зајакнуваат. Високиот претставник на Обединетите нации за бегалци бара да се овозможи сигурен коридор за оние кои бегаат. Речиси милион Јеменци пронашле засолниште на тоа подрачје кое се смета за сигурно, но чии кампови се пренатрупани.
Ватикан њуз/к.мк