Преку Светата Бројница Струмица се поврза со Меѓугорје

Преку Светата Бројница Струмица се поврза со Меѓугорје

Во вечерните часови на 25 јуни 2021 година во дворот на парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, пред статуата на Пресвета Богородица, се одржа молитвена вечер посветена на Богородица од Меѓугорје. На средбата, покрај о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев, присуствуваше деканот на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“ и парох во Радово о. Зоран И. Стојанов, о. Динов Ѓорги парох во Секирник и о. Ванчо Назов парох во Сарај и Чанаклија, како и верници од повеќе парохии од регионот.

На почетокот од молитвената вечер, присуните ги поздрави о. Гоце Костов, а веднаш потоа деканот о. Зоран И. Стојанов ги пренесе поздравите и благословот од Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.

Средбата започна со сведоштво од Валентина Палифрова, која преку поклонението организирано од Радио Марија лично го искуси Меѓугорје. Потоаследуваше Светата Бројница, која ја предводеше о. Атанас Сирачев, а меѓу секоја постојка присутните можеа да слушнат кратки објаснувања за првите седум денови од настаните, кои се случија во Меѓугорје пред точно 40 години.

Во склоп на оваа молитвена вечер се молеше Литанија во чест на Пресвета Богородица во духот на Меѓугорје, кои ја предводеше о. Гоце Костов, по што следуваше духовен наговор од о. Ѓорги Динов и сведоштво од поклонението во Меѓугоје од Викторија Николова и Фимка Стојчева.

Овој молитвен настан беше вистински празник на верата во чест на Пресвета Богородица од Меѓугорје и настаните кои пред 40 години се случија во тоа сосема непознато и неважно херцеговско место. Едноставно духовноста на Меѓугорје оваа вечер беше пренесена тука во Струмица – изјави о. Гоце Костов за Католици.мк по завршувањето на настанот.

Оваа молитвена средба „Вечер со Богордица од Меѓугорје“ е во организација на Радио Марија и парохијата Раѓање на свети Иван Крстител од Струмица.

Меѓугорје е е еднo од најпознатите богородични поклонички места во светот и трето по посетеност после Лурд во Франција и Фатима во Португалија. Станува познато преку објавите на Богородица кои започнаа на 24 јуни 1981 година. Годишно го посетуваат над еден милион поклоници од целиот свет. Црквата Меѓугорје го признава како место за молитва.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот