Сестра Марија Према: Секој е повикан на светост
„За две недели Мајка Тереза ќе биде прогласена за света, празник за целиот свет“, рече сестра Марија Према, главна сестра на Мисиоенрки на љубовта, односно монашката заедница, која ја основа Мајка Тереза од Калкута. За две недели, односно на 4 септември папата Фрањо на плоштадот Свети Петар за време на Литургијата ќе ја прогласи Мајка Тереза за света.
Според сестра Марија ова не е само причина за славење, туку канонизацијата е нешто многу повеќе. Сестра Марија, које по потекло е од Германија од 2009 година е втората наследничка на Мајка Тереза во раководењето на монашката заедница.
„Канонизацијата е повод за испит на совеста, бидејќи Бог на секој му дава ист повик на светост, како што е и тој на Мајка Тереза. Мајка Тереза со посветеност и радост прифати да го наследува Исус и ја бараше Неговата волја и ја живееше.“ Канонизацијата е мотив, и ние во сопствениот живот да бараме. Дури потоа може да има влијание и врз светот.
„Мирот започнува во срцето на човекот, да се прости, со Господ и со луѓето да се помириме“, рече сестра Марија.
РВ/.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк