Сестра Еврозија: „Го сакам тоа што го сака Бог!“

Сестра Еврозија: „Го сакам тоа што го сака Бог!“

Саканите зборови на нашата мила Мајка беа овие: „Го сакам тоа што го сака Бог!“

Во текот на девет години кои, како сестра со неа ги живеев, секогаш нѐ подучуваше во сѐ да ја исполниме Божјата волја. И често ни повторуваше: Светоста на една посветена душа се состои токму во постојаното исполнување на Божјата волја. Кога гледаше дека некоја од нас е натажена или со лошо расположение, било поради некое физичко страдање, било поради некоја друга причина, беше незадоволна, брзаше да го поправи нашето расположение и ни велеше: Немате ли желба да ја исполните Божјата волја? На Господа треба со радост да Му се служи! Тој не сака натажени невести. Не е задоволен да ве гледа намуртени… Добро би сториле да платите само за своите гревови… но за друго – не чини. Не е дозволено да се плаче во домот Господов… Какви се жртвите кои Му ги принесуваме во споредба со жртвата која Тој ја принесе за нас? Господ толку многу ги сака широкоградите и штедри сестри кои ја исполнуваат Неговата света волја, што Тој речиси е принуден да ја исполни нивната.

Нејзината широкоградост беше толку голема што не можеше да остане незабележана; таа целосно се фрлаше во Божјите раце, барајќи да ги исполни единствено тоа кое Бог Го сакаше од неа.

Таа сакаше нејзините ќерки да бидат секогаш со отворено и со насмеано лице, а кога ќе забележеше некоја со намуртено лице, веднаш наоѓаше начин да ја разведри и успокои.

(текстот е извадок од книгата Животот на Еврозија Алоати сестра Марија Христина Исусова од Отец Јосиф Алоати свештеник од мисијата на отците Лазаристи)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот