Семејството е „вредност“ која треба одново да ја откриеме во денешето време – рече папата Фрањо за време на средбата со членовите на семејството Хабсбург на 5 ноември 2016 година.
Во својот краток говор папата Фрањо се присети на Карло I Австриски кој свети Иван Павле II во 2004 година го прогласи за блажен.
„Неговото духовно присуство меѓу вас не го прави семејството Хабсбург носталгично за поминатите времиња, туку напротив тоа е активно присутно во ова современо време, кое има свои предизвици и потреби. Некои од вас преземаа важни улоги во организации кои промовираат солидарност и културни проекти, а се залагаат и за проектот Европа како заеднички дом кој се заснова на човечки и христијански вредности.“
Папата исто така истакна дека е вредно за пофалба што некои „Хабсбурговци“ одговориле на свештенички односно монашки повик. „Тоа покажува дека семејството е првото место каде се сее семето на повикот – тоа важи и за повикот на брак кој навистина е повик! – и таму може да се никне и да се расте.“
Светиот Отец исто така потсети дека блажен Карло бил „добар семеен човек“ и како таков „слуга на животот и мирот.“ „За крал е крунисан во 1916 година и – чувствителен на гласот на папата Бенедикт XV – дава се од себе за да оствари мир па и по цена да биде погрешно разбран и исмеан“, рече Папата и заврши: „(Тој) ни дава пример кој е актуелен како и секогаш, а ние можеме да молиме од Бог да ни испроси мир за човештвото.“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк