Во Ватикан започна средба за дрогата

Во Ватикан започна средба за дрогата

Трговијата со луѓе, насилството и дрогата – поаѓајќи од драматичната поврзаност на тие проблеми на 23 ноември 2016 година во Ватикан започна дводневна меѓународна работилница за дрогата.

Трговијата со луѓе, насилството и дрогата – поаѓајќи од драматичната поврзаност на тие проблеми на 23 ноември 2016 година во Ватикан започна дводневна меѓународна работилница за дрогата во организација на Папската академија за науки. Средбата ја отвори шведската кралица Силвија и Јуриј Федотов, директор на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

Станува збор за меѓународна конференција за производство, користење и трговија со нелегални дроги, не заборавајќи ја притоа употребата и злоупотребата на хемиските материи и последиците за умот и телото. Тој е предизвикот кој го наведе бискупот Марсело Санчез Сорондо, канцелар на Папската академија за науки во воведното излагање на семинарот насловен: „Наркотици: проблеми и решенија на тој светски проблем.“ Во текот на два дена ќе се разменуваат податоци, ќе се споредуваат искуства и историски факти, но најмногу ќе се бараат нови стратегии за соочување со таа драматична реалност.

Борба, превенција, информација

Шведската кралица Силвија која е – потсетуваме – основач на фондацијата „World Childhood Foundation“, која се занимава со подобрување на животните услови на децата во цел свет и почесен член на здружението Ментор кое се занимава со борба против дрогата во своето излагање на почетокот на средбата истакна дека е неопходна соработка на светско ниво за соочување со тој предизвик. На посебен начин – според нејзините зборови – треба да се внимава на кревкоста на децата жртви на смртоносната врска помеѓу трговијата со дрога и искористувањето на луѓето во драматичните меѓународни ситуации на сиромаштво и војни. Многу е важна исто така – како што истакна шведската кралица – превенцијата и информирањето за тоа колку се опасни дрогите.

Закана за мирот, развојот и стабилноста

Според податоците на споменататата канцеларија на Обединетите нации која се занимава со следење на ширењето на дрогата во светот и со тоа поврзаните криминални појави од 20 луѓе на возраст помеѓу 15 и 64 години еден барем еднаш употребил недозволени средства што значи 245 милиони луѓе. Тие податоци покажуваат зголемување од три милиони луѓе во однос на претходната година. Директор на канцеларијата Јуриј Федотов ги истакна разорните последици за здравјето, мирот, развојот и за човековите права предизвикани со трговија со дрога и криминалните активности. Станува збор за зло кое не познава граници – истакна Федотов.

Корупција и мафија

Во бројните излагања е истакнат слоевит и софистициран финансиски систем кој ја поддржува трговијата со дрога и предупредено е на врски во властите кои понекогаш не се борат доволно темелно за таа реалност. Борбата против корупцијата и мафијата – се истакнува – е приоритет. Се зборуваше и за сѐ поголемото ширење и употребата на синтетичките дроги кои се лесно достапни, посебно за младите кои за нивна набавка секогаш користат интернет.

Медицина и рехабилитација

На средбата затоа од сите страни ќе се разгледа проблемот со дрогата, па и од медицинска гледна точка и правилната употреба на тие супстанции на подрачјето на здравството. Освен тоа исто така ќе се разгледува како да се третира зависноста на дрога и со алтернативните мерки, освен затворот, за рехабилитација на жртвите на дрога и за прекин на малолетничката деликвенција.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот