Свештениците од Австрлија се подготвени да одат во затвор за исповедната тајна

Свештениците од Австрлија се подготвени да одат во затвор за исповедната тајна

Свештеници од Јужна Австралија изјавија дека подобро би отишле во затвор, отколку во било кој случај да ја прекршат исповедната тајна

Својот став го искажаа свештеници од Австралија откако Јужна Австралија го усвои законот според кој свештениците се должни да ги пријават злосторствата кои ќе ги слушнат во исповедалницата. Јужна Австралија се придружува на Територијата на австралискиот галвен град кој една таква одлука усвои веќе порано, а други австралиски држави размислуваат да ги усвојат истите одредби, меѓу кои и Нов Јужен Велс.

„Државата бара од нас, католичките свештеници, да направиме нешто кое го сметаме за најголемо злосторство (н.з. да се издаде исповедната тајна), а јас не сум подготвен да го направам тоа“, изјави о. Мајкл Велан, свештеник од Сиднеј.

„Кога државата се обидува да ја оспори нашата верска слобода, да ја поткопа сржта на она што значи да се биде католик, тогаш ние ќе се спротивставиме“ – додаде отец Велан.

Тој изрази загриженост во поглед на тоа дали некој свештеник нешто знаел или не, и предложи наместо присилување свештениците да ја прекршат исповедната тајна, ако злосториникот се исповеда свештениците да се обидат да го запрат во намерите.

Во очекување и другите австралиски држави да го прифатат предлогот на Кралската комисија со законско принудување да се прекрши исповедната тајна, Велан изјави дека очекува дека „сите власти во Австралија ќе ја следат таа препорака“, но што се однесува до Црквата таквите одредби „едноставно нема да ги почитува“.

Потсетуваме дека веќе порано законските промени ги критикуваа и други свештеници вклучувајќи го и надбискупот на Канбера, кој изрази мислење дека ваквите одредби ќе ја нарушат довербата на верниците во исповедта, а од друга страна злосторниците кои бегаат од законот, според мислењето на надбискупот, сигурно нема да дојдат и да се пријават на свештеникот.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот