Светски ден за пост и молитва за мир во Сирија и Ирак

Светски ден за пост и молитва за мир во Сирија и Ирак. Иницијативата е на „Помош за Црквата во неволја“) и повикува во среда, 10 февруари Пепелница, сите христијани во светот да се приклучат кон молитвата, насловена: „Дали би го носел нивниот крст за еден ден?

„Веќе пет години продолжуваме да одиме низ пустината. Вашата постојана помош за нас е како мана небесна која Господ им ја испратил од небото на Израелците“, пишува во писмото на мелхитскиот патријарх Григориј III. Патријархот ја нагласува драматичната положба на неговата заедница и на целиот сириски народ.

„Сведоци сме на мачни страдањата на децата, на агонијата на нивните родители и сме постојано опкружени од омразата и од смртта. Единствена желба ни е да заживее повторно мирот“. Калдејскиот патријарх Рафаел Луис Сако ги повикува во писмото добротворите, волонтерите, вработените и консултантите на 21 претставништво на „Помош за Црквата во неволја“ ширум светот, да се молат и да постат за мирот.

„Помош за Црквата во неволја“ е како мајка за нас, христијаните од Сирија и Ирак. Без вас, многу од нас би загинале или веќе ќе беа емигрирале. Кој можеше, веќе го напушти Ирак. Милиони деца во бегалските кампови страдаат од глад, но најмногу – од жед за иднина: тие сакаат училиште и дом.

„Очајно имаме потреба од вашата помош, но она за што сега ве молиме е милосрдие. Молете се и постете, за да се смилува Господ над нас. Молете се и постете, за да може да останеме во нашата сакана татковина и за да може оние кои веќе ја напуштиле да се вратат. Нека овој Велигден, во земјата на Авраам, христијаните воскреснат од пепелта.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот