Како абортусот ја уништува светската економија

Во последните 50 години абортусот има убиено 2 милијарди неродени деца, што претставува една третина од човештвото, истакна Јозеф Меани, директор на меѓународната кординација во pro-life здружението Human Life International.

Абортусот е чин кој покрај моралните последици, почнува да ги раздрмува и темелите на светската економија, истакна Јозеф Меани и додава дека абортусот создава негативни последици во сиромашните држави каде нема развиени пензиски фондови, а децата се единствена финансиска подршка во деновите на старост. Исто така, во богатите држави високиот степен на абортуси ја намалува продуктивноста и потрошувачката.

Сериозните последици од абортусот и контрацепцискиот менталитет можно е да се види во Италија, истакнува Јозеф Меани и додава: „Секој Италијанец добро знае како дека како последица на тоа дојде до големо намалување на бројот на население кое ќе предизвика за неколку години да недостасуваат пари за пензии. Абортусот направи диспропорцијата меѓу луѓето за пензија и оние кои се во продуктивните години да стане голема. Но, дури и толку моќна економија какво што е и американската трпи поради последиците од абортусот“.

„Се смета дека еден просечен Американец во текот на својот живот во економскиот систем со своето трошење и данокот внесува околу 3 милиони долари. Сметајќи дека во САД од легализацијата на абортусот во 1973 година се направени околу 55 милиони абортуси, може да се пресмета дека американската економија има изгубено 165 билиони долари. Секако, абортусот е многу повеќе од обична економска загуба, но и економските загуби кои ги предизвикува се застрашувачки“, истакна Меани за Радио Ватикан.

РВ/В.Н.

Категорија: Свет

За авторот