Светскиот совет на Цркви остро ги осудува нападите во Египет
Женева, 17.4.2013 /к.мк/- Светскиот совет на Црквите изрази длабока загриженост поради неконтролираното насилство кое се случува во Египет. Во соопштението Генералниот секретар на Светскиот совет на Цркви отец Олав Фиске Твеит остро ги осудува нападите на катедралата свети Марко во Каиро, како и претходните убиства на христијаните во близина на градот Кусус, северно од египетскиот главен град. Фиксе Твеит заклучи дека, „меѓурелигиските судири и напнатости во Египет се опасност за националната безбедност на земјата, а посебно за христијанско – муслиманскиот соживот“. Истовремено потсети дека „христијанската присутност е важен дел од идентитетот на арапскиот свет.“ Светскиот совет на Црквите е уверен дека вредностите на египетската револуција би требале да бидат „темел на заедничката иднина за сите Египјани, „христијаните и муслиманите, а пред се младите“, да не дозволат да ги разделат меѓуверските напнатости и судирите на поделбата. Наместо судири сите се повикани сложно да ја градат „иднината на втемелување на еднаквите граѓански права, да градат праведно друштво и мирољубиви заедници“. Верските поглавари и политичари мора да го придвижат „говорот кој изградува заедништво и согласност“, за да ја ублажат напнатоста и повторно да го оживеат „духот на почитувањето и меѓусебното разбирање“ кај египетското население. Коптскиот епископ за Германија Анба Дамијан повика на поголема европска солидарност со христијаните во Египет.