Папата ќе беатифицира двајца колумбиски маченици

Папата ќе беатифицира двајца колумбиски маченици

На официјалната интернет страница на Бискупската конференција на Колумбија е објавена вест дека од Ватикан сега и службено е потврдено, дека Светиот Отец на 8 септемри 2017 година – за време на својата апостолска посета на Колумбија – за блажени ќе прогласи двајца колумбиски маченици.

Во писмото кое е објавено на интернет страницата на Бискупската конференција, а кое го потпишал надбискупот Анџело Бечу, заменик секретар за општи работи, во Државниот секретаријат, е објавено дека папата Фрањо ќе го предводи славењето за беатификација на двајцата колумбиски маченици, на 8 септември, во Вилевисенсио, на вториот дел од својот престој во таа земја.

Двајцата нови блаженици се монс. Хесус Харамило Монсалве бискуп на Араука и свештеникот Педро Марија Рамирез Рамос наречен „Лек за Армеро“. За двајцата папата Фрањо на 7 јули 2017 година го потпиша декретот со кој е потврдено дека тие две убиства (на бискупот во 1989 година, а на свештеникот во 1948 година во контекст на насилството кое го обележал животот во земјата во последните неколку децении) се извршени „од омраза кон верата.“

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот