Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро низ бројки

Рио де Жанеиро, 17.7.2013 /к.мк/ – Додека стотина илјади млади поклоници се подготвуваат да заминат за Бразил, организаторите на Светскиот ден на млади ги довршуваат последните подготовки  за дочек на повеќе од два и пол милиони луѓе.

Како што пренесува Католичката новинска агенција (Catholic News Service – CNS), до 15 јули за средбата се пријавиле повеќе од 320 илјади луѓе. Медиумскиот координатор Карол Кастро рече дека многу ходочасници ќе се пријават, дури откако ќе пристигнат, а има и многу кои нема да се пријават, а ќе учествуваат на настаните.

Најголемиот број поклоници на Светскиот ден на млади, кои се регистрирале, доаѓаат од Бразил, Аргенина и САД, но млади доаѓаат и од далечни земји како Филипини и Словачка.

Повеќе од 8.400 свештеници од светот побарале пропусница за учество на настаните на оваа средба. Исто така, првото меѓународно патување на папата Фрањо ќе го следат скоро 5.500 новинари.

Организаторите истакнаа дека катехезите се одржуваат на повеќе од 270 локации, а можат да се слушаат на 26 јазици.

На поклониците ќе им помагаат 60.000 волонтери, од кои 7.000 се странци. Скоро 800 пејачи, актери и музичари ќе учествуваат на главните настани на Светскиот ден на млади во Рио. (Б.У.)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<