Отец Мајевски: Свесткиот ден на млади „се враќа дома“

Остана нешто помалку од две седмици до почетокот на Светскиот ден на млади во Краков. Младите од целиот свет се подготвуваат за големото искуство на верата со папа Фрањо во земјата на свети Иван Павле II. Големи се очекувањата на Црквата и полското општество кое прв пат го прима аргентинскиот Папа.

Говорејќи за младите, за Полска, за папата Фрањо и Годината на милосрдието во разговор за Радио Ватикан отец Андржеј Мајевски, директор на програмата на Радио Ватикан, кажа дека Светскиот ден на млади „се враќа дома“. Ќе бидеме уште повеќе дома во Краков, град на папата Војтила, во градот на милосрдието поврзано со светците како сестра Фаустина Ковалска и многумина други, како што е Алберт Чмиеловски. Во Краков свети Иван Павле II во 2002 година изговори звучни зборови, мислејќи и на зборовите од Дневникот на сестра Фаустина, а тоа е „таму треба да излезе искра која ќе го подготви светот за последното Христово доаѓање“ – потсети отец Мајевски додавајќи:

За нас Полјаците, средбата на млади ќе биде извонреден настан. После 25 години, Светскиот ден на млади се враќа во Полска која е од корен изменетата, со бројни можности, но и многу нови проблеми. Во Полска Свесткиот ден на млади дава можност многу млади од Источна Европа да се препознаат во големото семејство на Црквата. Не треба да заборавиме дека Свесткиот ден на млади во прв ред е верски настан, а не едноставна средба на врсници. Тоа младите совршено го сфаќаат. Оваа верска димензија го надминува едноставното собирање, а ќе биде главно обележје на престојната средба во Краков – тврди отец Мајевски.

На забелешката дека младите со радост го слушаат папа Фрањо како што го слушале и Иван Павле II, рече дека свети Иван Павле II никогаш не се обиде да ги „купи“ младите. Ги поттикна да одат против струјата, а тие многу добро сфатија што сакаше тој да им каже. Токму во Полска Иван Павле II за мојата генерација изговори многу важни зборови, кои многумина сè уште ги носат во срцето – истакна отец Мајевски цитирајќи ги зборовите на Иван Павле II:

„Од себе самите морате да барате, дури и да не бараат од вас“. Уверен сум дека младите сакаат да прават големи работи, работи кои чинат. Папата Фрањо оди по трагите на Иван Павле  II, не се плаши да изговори  груби и тешки зборови, кои се можеби поради различен контекст се разликуваат од зборовите на Иван Павле II. Папата Фрањо честопати ги поттикнува младите да се грижат за слабите, за отфрлените, да одат во градските периферии. На крајот, ги повикува на нешто што не е лесно да се постигне, нешто што има висока цена. Ги повикува, исто така, да ја напуштаат својата сигурност, да ризикуваат и како Авраам да се упатат кон непознатото – потенцира Мајевски.

На прашањето што Светскиот ден на младите во Годината на милосрдието може да им понуди на младите, нагласи дека од самиот почеток ќе се истакне духовната присутност на света Фаустина и свети Иван Павле II. Пред доаѓањето на папата Фрањо, надбискуп на Краков, кардинал Џивиш, кој долги години беше личен секретар на папа Војтила, со светата Литургија во спомен на свети Иван Павле II ќе го отвори Светскиот ден на младите.

Прославата ќе се фокусира на пораката на милосрдието на света Фаустина и свети Иван Павле II. Како што се случува за време на Олимпијадата, на олатрот ќе се донесе искра на милосрдието и ќе го следи целата прослава во текот на Светскиот ден на млади, а потоа од светилиштето на Божјото милосрдие ќе ги посети местата во Краков, значајни за животот на кардиналот Војтила. Тоа значи дека младите ќе можат да се збогатат со духовните плодови на споменатите светци – заврши отец Мајевски.

РВ/к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот