Свети Јоаким и света Ана

Свети Јоаким и света Ана

Денешната Евхаристиска Слава ни нуди можност да го искусиме блаженството на оние кои го слушаат Словото Божјо; кое влегуваат во жив однос со неговиот план за спасение, преку заедништвото со Телото, Крвта и Душата на Христос, нашиот Спасител.

(…) Ана и Јоаким, примерна еврејска брачна двојка, живееле во клучно време од историјата на спасението, во моментот кога требало да се исполни Божјото ветување на Авраам, а и кога човештвото требало да го добие очекуваниот одговор од праведните од Стариот Завет, кои ја исчекувале утехата на Израилот. (…)

Ана и Јоаким несомнено биле од оние побожни евреи кои ја исчекувале утехата на Израилот, и токму на нив им била дадена посебната задача во историјата на спасението: тие биле избрани од Бог од нив да се роди Непорочната, која пак била повикана од неа да се роди Божјиот Син.

Имињата на Јоаким и Ана, родителите на Марија ги познаваме од некаконските текстови – од Протоевангелието на Јаков. Тие се цитирани на страницата која претходи на Ангеловото Навестување на Марија. Оваа нивна ќерка не можеше да не зрачи од оваа милост заради нејзината безгрешна природа, полнотата на благодатта која била подготвувана за планот на божественото мајчинство.

Можеме да замислиме колку добиле од неа овие двајца родители, додека ја вршеле нивната обврска како воспитувачи. (…)

Дали ќе имаме ние отворени очи и уши за да спознаеме толку големо таинство? Да побараме од Ана и Јоаким не само да ја видиме и да ја слушнеме Божјата порака, но исто така и да присуствуваме во Неговата љубов преку љубовта кон оние кои ќе ги сретнеме, особено носејќи им на сите наши семејства светлина и надеж. На света Ана особено ги доверуваме мајките, пред сѐ оние кои се попречени во одбраната на животите кои допрва треба да се родат или оние кои се среќаваат со потешкотии за да ги воспитуваат сопствените деца.

Папата Иван Павле II (при првата посета на парохијата Света Ана на 10 декември 1978 година) зборуваше за татковската куќа на Марија, Христовата Мајка; за онаа куќа во која, опкружена од љубовта и од грижата на своите родители, Марија „учела’ од нејзината мајка, како да биде мајка: „Всушност кога како „наследници на ветувањето“ (ср. Гал 4, 28.31) божествено, се наоѓаме на дофат од оваа мајчинство – рече тогаш светиот папа Иван Павле II, – и кога повторно ќе ја почувствуваме нејзината света полнота, тогаш мислиме дека токму света Ана била прва што ја научила Марија, нејзината ќерка, како да биде мајка“.

Но постои и друг аспект кој може да се нагласи: Светите Ана и Јоаким може да бидат земени како модел исто така и за нивната светост проживеана во нивната старост. Според античката традиција тие биле веќе стари кога им била дадена задачата на свет да ја донесат, да ја чуваат и да ја израснат Светата Мајка Божја.

Во Светото Писмо староста е опкружена со почит (2 Мак 6, 23). Праведниот не бара да биде лишен од староста и од нејзината тежина; напротив тој моли вака: „Господи, Ти си моја надеж, моја сигурност од младоста моја… и во староста, па и кога ќе престареам, Боже, не напуштај ме, за да ја објавувам мишката Твоја, силата Твоја и правдата Твоја на сегашниов род и на идниот. (Псалми 70, 5-18).

Со самото свое присуство, постарата личност ги потсетува сите, особено помладите, дека животот на земјата е една „приказна’ со свој почеток и свој крај: за да се искуси нејзината полнота потребно е да се повикуваме не на површни вредности, туку на цврсти и важни.

За жал, голем број млади луѓе од денешнината имаат еден концепт за животот во кој етичките вредности стануваат сѐ повеќе површни. Она што најмногу е загрижувачко е тоа што семејствата полека се растураат, дека сопружниците достигнуваат до зрелата возраст и би имале поголема потреба од љубов, од помош и од меѓусебно разбирање.

Постарите луѓе кои примиле едно здраво морално образование би требало убавината на здравиот морален живот да ја покажат со животот и со нивното однесување на работа. Би требало да ја покажат на младите длабоката сила на верата која ни ја пренеле нашите маченици, како и убавината на верноста која се темели на божествените закони за брачниот морален живот. (…)

МОЛИТВА:

О, Свети Јоаким и Ана,

заштитувајте ги нашите семејства,

од ветувачките почетоци

сѐ до зрелата возраст,

клучна за страдањата од животот,

и поддржувајте ги во верноста

до свечените ветувања.

Поддржувајте ги, постарите, оние кои

се приближуваат кон средбата со Бога.

ублажете го преминот, молејќи ја

за овој час мајчинското присуство

од вашата сакана ќерка,

Дева Марија,

и од вашиот божествен Син: Исус. Амин.

Кардинал Тарчизио Бертоне/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот