Да молиме како деца за да растеме во довербата

Да молиме како деца за да растеме во довербата

Како да растеме во целосна доверба во Бог, како да ја одржуваме и храниме? Сигурно не со интелектуални шпекулации, ниту со теолошки размислувања, затоа што тие нема да се задржат во моментот на искушение, туку со контемплативното гледање во Исуса.

Да се набљудува како Исус го дава својот живот за нас, да се храниме со таа „преголема љубов“ која за нас ја покажа на крстот, тоа е она што навистина дава доверба. Зарем тој најголем доказ за љубовта, „Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи својот живот за своите пријатели“ (Иван 15, 13), ако постојано го набљудуваме со погледот на љубовта и верата, зарем нема малку по малку да го зајакнува нашето срце и да го поставува на непоколеблив темел на довербата? Зарем можеме да се плашиме од Бог кој ни ја покажа љубовта на таков начин? Зарем тој не е на наша страна, потполно и апсолутно за нас, зарем тој Бог, пријател на луѓето, „кој за нас го даде својот Син, додека сме биле грешни“, нема сѐ да направи за нас? Па „ако Бог е со нас кој ќе биде против нас? “ ако е Бог со нас, кое зло може да нѐ снајде?

Од ова гледаме апсолутна неопходност за контемплантација за да се расте во довербата. Толку луѓе се загрижени само затоа што не се контемплативци, што не си земаат време да го хранат своето срце и да му даваат мир преку погледот полн со љубов насочен кон Исуса. Да би се спротивставиле на стравот и обесхрабрувањето, би требало низ молитвата, низ личното искуство со Бога кој што го препознавме и љубевме во молитвата, „да вкусиме и видиме колку е добар Господ“ (Пс. 34). Уверението кое во нас всадува навика на молитва е многу поцврсто од оние кои произлегуваат од мудровањето, па било тоа на подрачјето на највисоката теологија. Како што се постојани нападите на злото, мислите на обесхрабрување и неповерение, така мора да биде непрестана и нашата молитва, да би можеле да се спротивставиме. Колку пати се случило да одам на секојдневно поклонување пред Пресветото во состојба на загриженост или обесхрабреност и без некакви посебни чувства да доживувам случувања, поклонувањето да го завршам со смирено срце. Надворешната ситуација е иста, проблемите и понатаму се нерешени, но срцето се променило и било во состојба да се соочи со нив во мир. Духот Свети го направил своето скриено дело.

Значи никогаш доволно нема да не ги нагласуваме потребите на тивките молитви, вистинскиот извор на внатрешниот мир. Како да се предадеме на Бога, како да му ја подариме својата доверба, ако го познаваме само оддалеку, „по кажувања?“ По кажување те познавав досега, но сега очите мои те видоа“. (Јов 42, 5) Во срцето се буди доверба, дури тогаш кога се пробудува љубовта; неопходно ни е и потребно да се почувствува благоста и нежноста на Срцето Исусово. Тоа може да се постигне само преку навика за тивка молитва, тој благ одмор во Бог кој го дарува контемплативната молитва.

Да се научиме, така, да се предаваме: да имаме потполна доверба во Бог во големи и во мали работи, и тоа со детската едноставност. Тогаш Бог ќе ја објави својата нежност, својата грижа, својата верност и тоа понекогаш на потресен начин. Ако Бог понекогаш со нас постапува на привидно груб начин. Тој исто така искажува непредвидливи знаци на внимание за кои е способна само неговата нежна и чиста љубов. Пред крајот на животот, болниот, исцрпен и на без сила, на пат кон манастирот во кој ќе го заврши својот живот, свети Иван од Крстот посакал аспарагус, такви какви што јадел во детството. Покрај камењата на кој седнал малку да се одмори, еве аспарагус кој токму таму се нашол на чудесен начин!

Среде искушението, ќе го доживееме искуството на тие знаци на внимание кои ни искажуваат љубов. Тие не се задржани само за светците. Тие се за сите сиромаси кои навистина веруваат дека Бог е нивниот Отец. Тие за нас ќе бидат силен знак на охрабрување да се предадеме на Бог, многу поефикасен од сите мудрувања.

Мислам дека во овој вистински, не филозовски туку егзистенционален, одговор на тајната на злото и трпение: предавајќи се на Бог доживувам конкретно искуство дека тоа навистина е возможно, дека Бог се свртува кон моето добро, па дури и злото, дури и трпението, дури и моите сопствени гревови. Колку имало ситуации од кои што сум се плашел, а кога во нив навистина сум влегол, се направиле во крајна линија подносливи, па дури и погодни, после тоа што во првиот замав биле болни. Она што ми се причинува како противење, конечно се покажува како мое добро. Тогаш велам: она што Бог во своето бескрајно милосрдие го прави за мене, сигурно на таинствен и сокриен начин го прави и за другите, па и за целиот свет.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот