Свети Јаков бил апостол и Господов брат. Како што сведочи свети Павле во посланието до Коринтјаните му се јавил Исус после своето воскресение. Како епископ управувал 30 години со Ерусалимската Црква. На него му се препишува текстот од „Литургијата од свети Јаков“ која и ден денес се служи во Црквите од сиро-антиохискиот и византискиот обред.
Преобратил многу Евреи, а заради неговата праведност го нарекувале и Јаков Праведниот. За време на првосвештеникот Анан за празникот Пасха се качил на покривот од храмот и на насобраните Евреи почнал да им проповеда за Христос како Син Божји и вистински Месија, за неговото воскресение и небесната слава. Разгневените свештеници и старешините го турнале од покривот и така во 63 година како прв ерусалимски епископ со маченичка смрт посведочил за својата вера.
Крижевска епархија/З.А.