Што вашите деца ќе паметат за вас

Што вашите деца ќе паметат за вас

Чувството на сигурност, целосното внимание, начинот на однесување кон брачниот другар, потикнувачките зборови, семејните традиции … тоа се нештата кои децата ќе ги паметат.

Родителството е тешка работа. Ги повикува мајките и татковците да заборават на себе и да ги стават своите деца на прво место. Понекогаш не е ни чудно, што во воспитувањето на децата користиме пократок пат. Полесно ни е да купиме играчка, отколку да поминеме повеќе време со нив; брзо се лутиме, отколку да практикуваме трпеливост; го вклучуваме телевизорот за време на вечерата, отколку да разговараме со нив.

Неодамна една статијата во ТIME списанието навистина ме импресионираше – затоа што беше потсетување на малите моменти на родителството, кои понекогаш изгледаат толку тривијални, но можат да нѐ потикнат и трајно да влијаат на нашите деца.

Наведуваме пет работи кои децата ќе ги запомнат за вас:

Кога се чувствуваат безбедно

Моето бебе се уште нема полни четири месеци, но веќе чувствувам како се чувствува безбедно кога го држиме сопругот или јас, особено кога е во непозната средина. Децата се ранливи, тие имаат вродена потреба да бидат заштитени. Кога размислувате за тоа како децата можат да бидат безгрижни, тоа покажува дека потсвесно ја ставаат целата нивна доверба во своите родители. Но, исто така, тие ќе се сеќаваат и на времињата кога се чувствувале несигурно – ова е нешто за што можеме да размислуваме кога сме лути на нив или кога покажуваме гнев во нивното присуство.

Кога ќе им посветите своето целосно внимание

Толку е ова едноставно, но често тоа не го правиме! Неодамна прочитав статијата колку е корисно само 10 до 15 минути на ден целосно внимание да му посветите на вашето дете – без телефон, без вклучен телевизор во позадина, без ништо друго на ум. Разговор со децата, читање книга, боење со нив или нешто слично, ќе придонесе за посакуваниот ефект. Како што пишува во статијата: “Што тоа ќе им овозможи? Основите да се чувствуваат сакани, безбедни, заштитени, самоуверени и значајни. Што тоа вам ќе ви овозможи? Голем дел од она што и на децата и уште многу повеќе. “

Да не зборуваме дека тоа ќе ви помогне да создадете однос со детето, кој ќе остане и кога детето ќе порасне.

Начинот на кој се однесувате со вашиот сопруг

Еднаш прочитав факт на кој секогаш се присетувам: децата се чувствуваат многу сигурно, кога гледаат дека нивните родители се сакаат меѓусебно.

Колку е тоа убаво и вистинито! Гледам дека моите браќа, сестри и јас не ја почувствувавме љубовта меѓу нашите родители, знаејќи дека разводот не е опција за нив. Ако родителите се обединети – не се расправаат пред децата, туку зборуваат само убаво еден за друг, љубезни се и полни со љубов – децата тоа едноставно мора да го почувствуваат и се чувствуваат сигурно.

Вашите потикнувачки зборови

Родителите на децата им се цел свет – природно е дека ќе се сеќаваат на она што тие им велат. Ако на детето постојано му се повторува дека тоа е лошо, така и ќе заврши, дејствувајќи како тоа од него да се очекува. Ако им се кажува спротивното и се охрабруваат да бидат подобри, тие ќе чувствуваат дека нивните родители имаат доверба во нив за да го дадат најдоброто од себе. Децата, се разбира, понекогаш треба да се корегираат, но како што е наведено во списанието ТIME, “нека вашите зборови бидат полни со љубов, охрабрување и позитивно потикнување”.

Вашата семејна традиција

Мислам дека семејните традиции значително придонесуваат за чувството на припадност, а тоа е нешто што е многу важно за децата. Без разлика дали тоа се секојдневни работи како заедничка вечера околу масата, неделен настан како што е неделниот ручек со баба и дедо, или начинот на кој ги прославувате родендените (во моето семејство, во утринските часови сите се прикрадуваме во собата на славеникот, му посакуваме среќен роденден и тој ги отвора подароците) – сите овие моменти се моменти на поврзување на семејната заедница – како и обичаи кои тие еден ден ќе ги користат за да ги изградат своите семејни заедници.

Тамара Ел-Рахи/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот