Светиот Престол: Потребно е категорично решение за запирање на злосторствата во Ирак

„Категорично и храбро заземање од страна на верските лидери, пред сè муслиманските“, со заложба „да направат влијание врз владите, за стопирање на злосторствата“ против христијанските малцинства и језидите во Ирак; „Казна за сторителите“ и „воспоставување на правна држава по целата територија, како и да се обезбеди враќање на протераните“. Ова стои во во нотата на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, објавена во вторник 12 август 2014 година од Ватиканската прес служба.

Папскиот совет ги набројува сите злосторства извршени против христијаните и другите религиозни групи, од страна на џихадистите: егзекуции на јавни места, убиства единствено заради верата, насилно прифаќање на туѓа вера, киднапирања на девојчиња и жени како „воен плен“, варварско наметнување на инфибулација, уривање на цркви и култни места, општо насилство, кое ги принудува луѓето да бегаат.

Неопходно е „едногласна категорична осуда на овие злосторства“, со цел да се разобличи манипулацијата „на религијата за да се оправдаат нивните постапки“. „Кога ја спомнуваме потребата од етика кај раководството на човечкото општество“, се вели уште во пораката, „самите верски лидери истакнуваат дека поддршката, финансирањето и вооружувањето на терористите морално е да се осуди“. Папскиот совет истакнува дека „ништо не може да го оправда тоа варварство, уште помалку религијата. Станува збор за тешка навреда за човештвото и кон Бога“. Во нотата се наведува уште дека „не може да се заборави како христијаните и муслиманите успевале да живеат заедно, со векови, градејќи култура на соживот и цивилизиран однос со кој треба да се гордееме“. Папскиот Совет на крајот се заблагодари на сите што го кренаа својот глас, за да го осудат тероризмот.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот