Папата: Ниту една пандемија не може да го изгаси светлото на Божјата љубов и добрина

Папата: Ниту една пандемија не може да го изгаси светлото на Божјата љубов и добрина

Во недела 6 декември 2020 година, папата Фрањо ги повика верниците да не запираат на надворешните знаци на Божиќ, туку да се воздигнат до неговото вистинско значење, за да ја објават Божјата добрина и љубов во Христа Исуса.

„Како што можете да видите на Плоштадот е поставена божиќната елка, а се поставува и божиќната пештера. За време на овие денови и во многу домови, се подготвуваат овие два Божиќни знаци, за радост на децата, но и на возрасните! Ова се знаци на надеж, посебно во овие тешки времиња. Да не запираме на знаците, туку да се воздигнеме до значењето, односно до Исус, Божјата љубов која Тој ја објави, за да се воздигнеме до бескрајната добрина, со чија светлина го опсипа светот. Нема таква пандемија, нема таква криза што може да го изгаси тоа светло. Да дозволиме да влезе во нашето срце и подадете рака на оној кој е во потреба. Така Бог повторно ќе се роди во нас и во нашата средина“, рече Папата во своето обраќање по молитвата Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот