Света Тереза Авилска

Света Тереза Авилска

Искуството од молитвата во животот на светицата

Денес литургиски се слави празникот на Света Тереза Авилска, прогласена Доктор на Црквата од папата Павле VI во 1970 година. Во проповедта, папата вака ја опиша:

«(…) Ја гледаме да се појавува пред нас, како извонредна жена, како монахиња која, целата покриена со понизност, покајание и едноставност, зрачи околу себе со пламен на нејзината човечка виталност и духовна живост, а потоа и како реформаторка и основателка на еден историски и реномиранa монашка заедница но и како генијален и плоден писател, учителка за духовниот живот, неспоредлива и неодредено активна контемплативка;… Колку е голема! Колку е единствена! Колку е човечна! Колку е атрактивна оваа личност!»

Лична молитва

(…) Света Тереза Авилска со својот живот одговара на барањето на апостолите кога го прашуваат Исус: „Господи, научи нѐ да се молиме“.

Тереза во личната молитва идентификува три фази: спонтана молитва, тешка молитва и молитва е дар.

Спонтана молитва

За спонтаната молитва мислиме на онаа која лесно произлегува од нашата внатрешност, без никаков напор, без никаков метод, поттикната од она шо го знаеме од Откровението; таа е како еден инстинктивен одговор до Бога кој ни се открива. Таа е присутна во секој човек, во секоја човечка личност, иако во многу различни начини. Тереза ја практикувала оваа молитва уште од нејзиното рано детство. Самата пишува дека уште пред да влезе во монашкиот живот имала еден вид секојдневна средба со Исус во Маслиновата градина: „Убедена сум дека мојата душа била многу полезна, затоа што почнував да изговарам молитви без да знам што би било тоа».

Тешка молитва

Тереза се сретнала со големи потешкотии кога преминала од спонтаната, случајната и моменталната молитва на онаа посистематската и постојана молитва.

Првата потешкотија била од психолошки тип, која ја нарекува конверзациска неспособност: била неспособна да замислува, да размислува во Божјото присуство, немоќна да медитира. Најмногу што ѝ било неугодно била апсолутната непотчинетост на сопствените мисли, за кои велела дека ја анулирале нејзината определба; овој виор на мисли одел и доаѓал помеѓу неа и Бога, како едно водненичарско тркало, како нешто неподнесливо, како лудак вдомен во некоја куќа. Сето тоа што го правело тежок нејзиниот обид за молење, го спроведувала во минливи моменти, кои не успеала да ги продолжува. Констатацијата за оваа немоќност, делумна, но неумолива, била многу жива и многу мачна. Всушност, таа вели: „Неколку години честопати внимавав повеќе да посакува времето за молитва да заврши и да го чекам знакот од часовникот отколку да се потрудам да се молам. Многупати не знам која потешка покора би ја избрала само за да би можела да се соберам да се молам. (…)“

Тереза околу 20 години ја имала оваа потешкотија, и 1,5 година речиси тотално ја напуштила молитвата, но потоа се соземала потпомогната од некои средства кои ѝ помогнале да ја достигне нејзината цел.

Помош од книгата, штит против мислите

„Во сите овие години, освен по примањето на Првата причест, не се осмелував никогаш да се молам без книга во рацете, бидејќи се плашев да се најдам во молитва без неа, како да се борев со голема војска“ (…) со оваа помош, која беше како едно друштво, како еден штит против нападите на многу мисли, останував утешена. Всушност не бев секогаш во оскудност, но кога ми недостигаше книгата, тогаш да, а додека со книгата почнував да се собирам во себе и со нежност ја насочував душата кон Бога“.

Недоследност помеѓу молитвата и животот

Втората потешкотија е откритието на недоследноста на животот со некои моменти од молитвата. Света Тереза посакувала секогаш средба со Бога и еднообразност со Неговата волја, но долго време се чувствувала расеана од пријателствата и од афектите, постојано поделена помеѓу светот и Господ.

„Паѓав и се подигнував и се подигнував толку лошо што паѓав повторно. Бев толку далеку од совршенството (…) дека мојот живот беше еден од оние најлошите кои можат да се замислат, бидејќи не уживав во Божјата присутност, ниту пак се чувствувв задоволна со светот. Кога чувствував радост од светот, мислата за она што треба да му го понудам на Бога ме казнуваше; а кога бев со Бога, афектите од светот ме вознемируваа. Тоа беше една многу тешка битка која не знам како сум успевала да ја поднесувам еден месец, а не пак толку многу години“.

„Ако молитвата не е автентична, не може да биде ниту молитва“

Светицата силно ја опоменувала во себе оваа смисла на недоследността  помеѓу молитвата и животот, која секој човек треба делумно да ја испроба во својот животен век. Таа длабоко во себе се сомневала: ако постоењето на човекот не е автентично како може да биде автентична молитвата?

Идентификување на самиот себе во библиските личности

Помошта Тереза ја нашла во утехата и самоидентификувањето во библиските личности:

(…) Богородица под крстот, Магдалена, Самарјанката, свети Павле во моментот на неговото преобраќање, Јов. На пример, пишува во автобиографијата: „Колку пати се сеќавам на живата вода за која и зборувал Господ на Самарјанката! Овој факт од Евангелието ми е многу мил, ми беше мил уште кога бев мало девојче, иако не го разбирав добро, како денес. Често го молев Господ да ми даде од оваа вода. Во мојата соба имаше една слика која го претставуваше Исус близу до бунарот, со зборови долу напишани: «Domine, da mihi aquam».“ Со еден вид почетно читање се обидувала постојано да му даде автентичност на еден живот која го сметала за неавтентичен и во кој сепак не престанувала да го повикува Господ за да ја обедини во молитвата.

Молитвата е дари и е „Смислата на Божјето присуство“

Периодот на „тешката молитва“ траел околу 20 години и потоа за светицата дојдел моментот на премин и фундаментална промена: „Еден ден влегов во ораториумот и го вперив погледот во една статуа која го претставуваше Исус целиот во рани и така… гледајќи ја се почувствував целата растресена зашто тоа претставуваше во живо колку пострадал Тој за нас“.

Нејзината тешка молитва конечно ја доби она неопходно очистување од самопретпоставувањето, правејќи ја подготвена да му се довери единствено на Господ. (…) На тој начин е објаснета смислата на тешката молитва: таа беше едно позитивно движење на очистување, од која не ја разбираше смислата, мистериозниот Божји план кој делувал за нејзиното очистување.

Света Тереза преку нејзинот делување учи да се моли – молејќи се

Зборувајќи за апсолутната централност на молитвата кај света Тереза Авилска заклучувме со зборовите на папата Бенедикт XVI кој за време на една негова проповед рече:

„(…) Молитвата е живот и се развива постепено подеднакво со растот на христијанскиот живот: почнува со молитва измолена со зборови, преминува во внатрешна чувствителност преку медитацијата и собирањето во самите себе, сѐ до соединувањето на љубовта со Христос и со Пресветата Троица. Секако дека не се работи за еден раст во кој искачувајќи се на повисоките скалила значи дека треба да се остават претходните видови на молитва, туку пред сѐ тоа е едно постепено продлабочување на односот со Бог кој го опфаќа целиот живот. Не само што е една педагогија за молитвата, онаа на света Тереза е една вистинска мистагогија: читателот на нејзините дела го учи да се моли молејќи се таа самата со него (…)“.

Алетеја/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот