Света Миса по повод сребрениот Јубилеј на Македонски Каритас

Света Миса по повод сребрениот Јубилеј на Македонски Каритас

На 27 ноември 2016 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, на првата Адвентска недела, свечената Евхаристија по повод прославата на 25 годишното постоење и делување на Македонски Каритас ја предводеше Апостолскиот нунциј во Република Македонија монс. Анселмо Гвидо Пекорари, заедно со монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија и Претседател на Македонски Каритас. Во концелебрација со бискупите беа: директорот на Македонски Каритас монс. Антун Циримотиќ, директорот на Каритас Босна и Херцеговина монс. Томо Кнежевиќ, директорот на Каритас Бања Лука монс. д-р Миљенко Аничиќ, како и свештеници од Скопската бискупија и Апостолскиот егзархат.

На самиот почеток на светата Миса поздрави и честитки по повод прославата на сребрениот Јубилеј на Македонски Каритас упати Апостолскиот нунциј монс. Анселмо Гвидо Пекорати.

Во пригодната хомилија  монс. д-р Киро Стојанов истакна: „Што е Каритас одошто Исус Кој оди по земјата правејќи добро. Така, сите вработени и сите кои го помогнаа и подржаа тоа дело на најдобар начин сведочат како се изградува заедништвото, солидарноста и мирот меѓу луѓето. Така се станува знак кој упатува на самата личност на Исус Христос Кој е препознатлив според делата на љубовта и милосрдието во активностите на каритас. Додека благодариме за тој дар: да се биде знак, да молиме и понатаму Божја милост да човечката каритативна љубов и натаму може да го продолжи своето дело во служењето за сите оние во потреба“.

После завршувањето на светата Миса, во знак на прославата на Каритас децата од парохиската заедница изведоа пригодна анимација.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот