Света Марија Магдалина

Света Марија Магдалина

Молитвеникот на Божјиот народ на празник на света Марија Магдалина сосема кратко го вели она важното: „Била примена меѓу учениците Христови. Била присутна за време на Неговата смрт и на Велигден многу рано го видела Откупителот кој воскресна од мртвите.

Марија е родена во Магдала во Палестина. Според традицијата, нејзините родители биле многу богати. Уште како девојка останала без нејзиниот татко, а од нејзината 15-годишна возраст и без нејзината мајка. Била многу убава, а грешела блудно како јавна грешница. Меѓутоа, допрена од Божјата милост, почнала да размислува за преобраќање. Не станала глува на Божјиот поттик. Градот во кој блудно грешела го избрала и за место на покора. Таа јавно грешела, па затоа и решила јавно да ја врши покората за своите гревови. Јавно ги соблазнувала другите, па и јавно се каела. Не се осврнувала на потсмевот и на презирот од многумина. Влегла во куќата на Симон, фарисејот, клекнала до Исусовите нозе, ги бакнувала, со солзи ги миела, со миро ги помазала и со својата бујна коса ги бришела. Евангелието не ни кажува ниту еден нејзин збор, но солзите покајнички кажале сѐ. Затоа Исус ѝ ги простува гревовите и ја пушта да оди во мир. Од средбата со Исус Марија Магдалина почнала да го живее животот на нов начин. Го следела Исуса каде што Исус јавно проповедал.

Таа била толку многу отворена кон Исус Христос што ни мртов не можела да го остави, туку дошла на неговиот гроб за да би црпела сила за да и понатаму расте во слобода од оковите од кои Исус ја ослободил. Таму доживеала чудесена средба со воскреснатиот Исус. Најпрво не го препознала, мислејќи дека е градинар. Но кога Тој го изговорил нејзиното име: Марија, таа го препознала, брзо се свртела и сакала да му ги опфати нозете од среќа затоа што тука бил нејзиниот Учител и Спасител.

Марија Магдалина била заробена од седум демони. Не знаеме кои се тие духови, но очигледно тоа се големи зла кои ја мачеле бедната жена. Затоа може да ја разбереме нејзината благодарност кога првиот ден после саботата рано сабајле отишла да го помаза Исусовото мртво тело и да плаче на неговиот гроб. Очигледно е, откако Исус ја ослободил од сите зла, таа била среќна, здрава и исто така толку света со што христијанството еве веќе 2000 години ја почитува како пример кој покажува каде треба да се оди тогаш кога ќе нѐ опфати злото.

Каков бил животот на Марија Магдалина пред да биде примена меѓу Христовите ученици, многу расправале за тоа толкувачите на Светото Писмо, светите Отци и животопосците. Нивните мислења не само што биле различни, туку и сосема спотивни. Во средниот век било силно нагласено дека таа била голема грешница и дека се преобратила кон Господа и станала голема покорничка: најдобар претставник на сите преобратеници. Уметниците обично ја сликаат како со солзи му ги мие нозете на Исус, а со косата ги брише поистоветувајќи ја со онаа жена, јавната грешница во градот. Сепак пред сѐ Марија Магдалина ја почитуваме како Господова ученичка, онаа Магдалина која стоела под неговиот крст, за кое зборуваат сите евангелисти, и таа која прва го видела Воскреснатиот и станала благовесница на неговото воскресение.

„Исус кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони. Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа“ (Мк 16, 9-10). (…)

Света Марија Магдалина за уметниците, проповедниците, духовните писатели секогаш била голема и трајна инспирација. Таа кај народот била многу популарна светица. Потребно е да ја славиме и од неа да ја научиме онаа афективна и делотворна љубов кон Исус. Таа била под Исусовиот крст, кога речиси сите го напуштиле, и затоа таа станала едн вид на верен Исусов ученик, каков би требало да биде секој Христов следбеник.

Популарноста на света Марија Магдалина се очитува во тоа што како своја заштитнца ја славаат жените, покорниците, фризерите, производителите на парфеми и козметика, градинарите, лозарите и учениците.

МОЛИТВА:

Боже, света Марија Магдалина го видела воскреснатиот Спасител и прва им ја јавила на учениците радоста на воскресението. Дај ни, преку нејзиниот пример и застапништво, и ние да сведочиме дека Христос е жив и да го видиме како Цар на вечната слава. Преку нашиот Господ Исус Христос, твојот Син, кој со тебе живее и царува во единство со Светиот Дух, Бог, во сите векови.

Битно.нет/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот