Света Литургија за болните и стари лица во Петралинци

На 26 октомври 2014 година на празникот Христос Цар во парохијата Свети Кирил и Методиј – Петралинци се служеше света Литургија за сите болни и стари лица во Петралинци. Во проповедта о. Ѓорги Појразов се осврна на важноста на светата Тајна Елеопомазание на болните за христијанскиот живот. На крајот од светата Литургија парохот Појразов ги благослови болните и старите лица.

Молитвената акција „Болен бев и ме посетивте“ е во склоп на парохиските активности во Година на семејствата и ќе трае до крајот на месец октомври. По тој повод светата Бројаница на Октомвриската побожност исто така е посветена за болните и старите, а се моли секој ден во парохиската црква со почеток во 18.00 часот.

к.мк/о.П.Ѓ.

Категорија: Македонија

За авторот