Светата Литургија не е некој општествен настан
Секогаш е весело кога Бог доаѓа, кога се приблужува – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 3 октомври во капелата на домот Света Марта. Со Светиот Отец сослужуваа членовите на Советот на кардинали кои овие денови се наоѓаат во Ватикан.
Папата нагласи дека чинот на спасение не смее да се претвори во сеќавање на некој настан. Светата Литургија не е некој општествен настан, туку Божја присутност меѓу нас – објасни папата Фрањо. Говорејќи за првото литургиско читање од книгата на Неемија, Папата рече дека народот плачел од радост слушајќи го читањето од Книгата Закон. Народот се сеќава на Законот, но нивното сеќавање било бледо, а слушајќи го читањето споменот оживеа и ги допре срцата. Од радост плачеле, а не од жалост бидејќи ја искусиле близината на спасението – забележа Светиот Отец.
Тоа е многу важно не само за важните историски настани, туку и во нашиот живот: сите се сеќаваме на спасението, сите. Но, се прашувам: живее ли во нас споменот, или е далеку, избледен, неодреден, малку застарен, така речи музејски… заскита. А ако не ни е близок, ако не го чувствуваме, тогаш се преобразува и се претвара во само во спомен – објасни Папата Фрањо. Кога споменот ќе се загуби во историјата, станува меморија, а ако е близок тогаш се претвара во радост на Божјот народ. Ако сеќавањето е живо, грее и ги весели срца, а веселењето е наша сила. Тоа е почеток на христијанскиот живот. Живиот спомен грее и го развеселува срцето – кажа Папата додавајќи: Затоа радоста е нашата сила, бидејќи е живо сеќавање. Напротив, „заспиеното“ сеќавање, кое се одделува и станува едноставен спомен, не го грее срцето, не нѐ исполнува со радост ниту е наша сила. Ова средба со сеќавањето на спасението е настан, е средба со љубовта Божја кој влезе во нашата историја и нѐ спаси; тоа е средба со спасението. А многу е убаво да бидеш спасен, треба да се организира веселба – рече Светиот Отец.
Кога доаѓа Бог и се приближува секогаш е веселба. А ние христијаните често се плашиме од веселба, од едноставно и братско славење кој е дар на близината Божја. Во животот често се оддалечуваме од таа близина, го чуваме сеќавањето на спасението, но во себе не носиме живо сеќавање. Црквата има свој спомен: спомен на маките Господови. И нас ни се случува да се оддалечиме од тој спомен и да го претвориме во спомен, во обичен настан – рече Папата додавајќи:
Секоја недела одиме во црква, или некој ќе умре, па ќе одиме на погреб… а тој спомен понекогаш ни пречи, бидејќи не ни е близок. Жалосно е, но светата Литургија понекогаш се претвора во општествен настан и нема врска со црковен спомен, со Божјата присутност меѓу нас. Ви го наведувам овој прекрасен пример од книгата на Неемија: Езра кога ја донесува книгата за споменот на Израел и народот кој го освежува својот спомен плаче; го загреа нивното срце и чувствува дека неговата сила е Божја радост, затоа без страв, спонтано се весели. Да го молиме Бог во нас секогаш да биде живе паметењето, да не го ослаби, оддели, да не го преобрази само во чист спомен – поттикна Папата Фрањо.