Христијанската понизност не е мазохизам, туку љубов

Понижувањето само по себе е мазохизам, а со понижувањето во името на Евангелието стануваме слични на Исус – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 17 април во капелата на домот Света Марта.

Понижувањето само по себе е мазохизам, а со понижувањето во името на Евангелието стануваме слични на Исус – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 17 април во капелата на домот Света Марта. Папата ги повика христијаните да не негуваат омраза, туку во себе да го откријат она што на Бог му се допаѓа: љубов и дијалог.

Папата тврди дека човекот може да реагира онака како што Бог реагира, ако е исполнет со Исусовите чувства. Коментирајќи го првото литургиско читање земено од Делата Апостолски, Папата посебно се осврна на советот на Гамалиил на Синедрионот бидејќи – како што кажал – „ако е таа замисла или тоа е дело од луѓе, ќе се разруши; а ако е, пак, од Бог, вие не можете да го разрушите.“ Синедрионот го прифаќа советот. Не се препуштил на омразата. А овој е вистинскиот лек за секое човечко битие: „дај му време на времето.“

Треба да имаме време за во себе да ги закопаме злите мисли против другите, чувствата и омразата: да се собереме и „на времето да му дадеме време“. Времето ги усогласува работите и ни овозможува исправно да ги видиме. Па, советот е: време, време во моментот на искушение – рече Папата.

Кога во себе негуваме омраза, таа неизбежно избива надвор. Се манифестира како навреда, како војна, а со тие зли чувства против другите всушност се бориме против Бог, бидејќи Бог ги љуби другите, сака хармонија, љубов, дијалог и заедништво. И мене ми се случува – рече Папата. Кога нешто не ни се допаѓа, не мислиме на Бог, првите мисли се зли. Да се запреме – поттикна Светиот Отец – да овозможиме Духот да нè просветли, да нè насочи на правиот пат. Да, како апостолите да бидеме радосни, бидејќи поради името Исусово сме поднеле навреда – кажа Светиот Отец.

Првобитната горделивост поттикнува на убивање на другите; понизноста и понижувањето сообликува на Исус. За тоа обично не размислуваме. Денес многу браќа кои се прогонувани се радосни бидејќи трпат и ги навредуваат дури и смрт поднесуваат заради името Исусово. Понизноста е патот за одделување од првобитната горделивост, а до понизноста се доаѓа преку понижувањето. Ова само по себе не може да се сфати, за таа милост треба да молиме – поттикна Папата додавајќи:

Милоста да Го наследуваме Исус. Наследувањето на Исус го сведочат денешните маченици и бројните мажи и жени кои секојдневно поднесуваат понижување заради добрата на сопствените семејства, а ја затвораат устата не зборуваат за љубовта кон Исус. Тоа е светоста на Црквата, таа радост која ја дава понижувањето, но не затоа бидејќи понижувањето е убаво, туку бидејќи така се наследува Исус – рече папата Фрањо.

Постојат две душевни расположенија: едното е затворање и тоа води до омраза, гнев, убивање на другите, а второто е отворање за Бог на Исусовиот пат; кога поднесуваш понижување дури е и многу непријатно но си радосен, бидејќи си сигурен дека си на Исусовиот пат – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот