Светата Година на милосрдието ќе биде прогласена на 11 април

Откако Светиот Отец на 13 март најави Света Година на милосрдието, на 11 април во базиликата Свети Петар ќе ја објави и булата со која го прогласува Јубилејот. Службата на прогласување вклучува читање на делови од булата пред Светите врати на Ватиканската базилика. После тоа, папата ќе ја предводи молитвата на прва Вечерна за Неделата на Божјото милосрдие.

Изразот „була“ изворно означува оловен или златен печат со кој бил заштитен одреден документ од посебна важност и со кој се гарантирала неговата веродостојност. Со тек на времето изразот добива значење на документ, кој е заштитен со печат, а денес се користи за сите поважни папски документи, кој на себе го имаат папскиот печат.

 РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот