Сакаш ли да разговараме?

Исус: Мир со Тебе! Не плаши се , Јас сум со тебе!

Сакам да разговарам со тебе, сакам да го слушам твоето срце. Ја познавам маката на твојата душа и слабостите на твоето тело. Кажи ми, зошто си тажен? Без разлика на гревот, те љубам таков каков што си. Зборувај ми ако сакаш уште повеќе ќе ме зарадуваш, слободно довери ми се, само верувај ми и сакај ме со жар. Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците. Сега, сакаш ли да ме замолиш за нешто? Ти реков: барај и ќе ти се даде, барај и ќе најдеш. Знаеш ли што бараш? Со тек на време ќе те променам, ако ти тоа го сакаш. Сега ја сакам твојата љубов. Желба ми е да ме љубиш таков каков што си. Зборувај ми сега, што правеше денес?

А јас ти го испратив Сонцето за да ти го разубави денот. Го очекував твојот поздрав.

Знам се брзаше. Ти простувам.

Што правеше денес? На кој брат му помогна, кого направи среќен, на кој му подаде рака, на кој му прости? Да ме повикаше мене, заедно многу повеќе би направиле.

Сакам да знаеш дека си ми важен. Јас сум твојот Добар Пастир не само што те враќам во моето стадо, туку те носам и на своите рамења. Твоето име е врежано на моите дланки. Скапоцен си во моите очи. Не сакам да го заборавиш тој наш разговор. И кога пак сакаш да разговараш: тука сум, те чекам!

Мојот Отец те поздравува. Знаеш каков е нашиот Отец: секогаш се грижи. Еве, и Мајка ми одново ме повикува да направам чудо во животот на твојот брат, но овој пат ми требат твоите раце и твоите нозе, ново срце кое ти го давами духот кој ти го испраќам. Остани во Мене и јас во тебе, за твојата радост да биде полна!

Извор: фрама портал/Превод: Д.И.

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<