Римска декларација за достоинството на детето

Римска декларација за достоинството на детето

„Римската декларација“, која ја потврдија учесниците на Конференцијата за достоинството на детето е силен апел до совеста на денешното човечко општество, а во корист на заштитата на децата, во дигиталните медиуми.

„Во ова време на интернет, за да се заштитат правата и достоинството на децата – како и самите деца од злоупотреба и искористување – светот се соочува со предизвици без преседант. Тие предизвици – смета Светиот Отец – „бараат нови начини на размислување и нови пристапи и подигање на нивото на глобалната свест и вдахновено водство.“ „Римската декларација“ затоа „апелира до сите, секој да се заземе во одбраната на достоинството на децата.“

Преку членот 13, Декларацијата ги повикува најпрво „светските власти, да преземаат глобална кампања за подигнување на свеста за овој проблем, за луѓето во целиот свет да се информираат и едуцираат за тежината и опсегот на злоупотребата и искористувањето на децата и да се поттикнат да ги преземат потребните чекори кај своите национални водачи.“ Исто така силно се апелира и до „водачите на големите религии во светот, да информираат, да ги мобилизираат своите членови да се придружат на глобалното движење за заштитата на децата во светот.“

Римската декларација потоа бара: од „парламентите во целиот свет“, да се преземат мерки за подобрување на „законите за делотворна заштита на малолетниците, како и да води сметка за оние кои се сметаат за одговорни за злоупотребата и злоупотребата на децата.“ Од основна важност е и тоа „водачите на технолошките компании“ да се заложат за развој и примена на нови алатки и технологии за да се спречи ширење на содржина за сексуална злоупотреба на интернет и спречување ширење на слики на малолетни лица идентификувани како жртви.

Документот бара преземање напори во одбрана на малолетниците бара и од невладините организации, медицинските институции, сите компоненти на цивилното општество. Од „безбедносните сили во светот“, а посебно од учесниците на Конфернцијата за достоинството на децата, бара зголемување на „локалната и глобалната соработка, со цел подобрување на размерите на истражните информации и подобрување на соработката во поглед на кривичните дела против малолетниците кои ги преминуваат државните граници.“

Во последните два члена од Римската декалрација, се повикуваат владите, приватната индустрија и верските институции, да покренат „глобална кампања за сензибилирање на свеста кај децата и младите, заради обликување и пружење на потребните алатки за сигурна и одговорна употреба на интернетот за да не повредат многу нивни врсници.“

„Овој проблем не може да го реши една нација, компанија или религија; проблемот е глобален и бара глобални решенија.“ Од тука и потребата за „ширење на свеста“ заради мобилизирање на „делување на сите влади, религии, компании и институции“ – стои на крајот од документот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот