Светиот Отец отпатува за Колумбија

Светиот Отец отпатува за Колумбија

Светиот Отец отпатува за Колумбија. Папата Фрањо околу 10. 30 часот со автомобил се упати кон римскиот аеродром Фиумичино, по што околу 11 часот со авион го напушти Рим и појде во насока Богота.

Градот Богота, во Колумбија каде – за време на своето апостолско патување во таа земја, Папата ќе биде сместен – се наоѓа во временска зона која седум часа заостанува по нашата (Рим, Скопје).

На патот за Колумбија, Светиот Отец со својата придружба и со новинарите, во дванаесетипол часовниот лет, со авион ќе прелета повеќе од 9.800 километри. Слетување на авионот на италијанската авио компанија Алталиа (Ербус 331), е предвидено за доцна вечерта, околу 23.30, или околу 16:30 часот според тамошното локално време. На своето заминување за Колумбија авионот на Папата ја прелета Италија, Франција, Шпанија и Португалија. По прелетувањето на Атланскиот океан, авионот пред слетувањето во Богота, ќе ги прелета Порто Рико, Антили и Венецуела.

Светиот Отец – според вообичаената пракса – на шефовите на државите, кои ги прелетува – им испрати кратка телеграма со поздрав. Во попладневните часови примивме вест дека заради ураганот кој ги зафати Карипските острови, авионот на Папата ја промени рутата, за да се избегне таа временска непогода. (…)

Како што веќе порано е објавено во програмата за ова патување од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, патувањето на папата Фрањо во Колумбија ќе трае пет дена, за кое време Светиот Отец ќе биде сместен во главниот град Богота, од каде ќе ги посетува градовите Виљавиченко, Меделин и Картагена, и тоа во еднодневни излети.

Сакаме да нагласиме дека ова патување на папата Фрањо нема политички, туку исклучиво пасторален карактер.

Да кажеме и тоа дека папата Фрањо синаќа – во пресрет на својата пасторална посета на Колумбија – по својот обичај, отиде во базиликата Света Марија Велика, пред Богородичната икона „Спасение на римскиот народ“ се помоли за патувањето кое започнува.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот