Скопје: Денови на Света Мајка Тереза

Скопје: Денови на Света Мајка Тереза

На 2 септември 2020 година во Скопската парохија „Пресвето Срце Исусово“ во рамките на „Денови на Света Мајка Тереза“, со благослов на Скопскиот бискуп и епарх Струмичко-скопски, монс. д-р Киро Стојанов беа посетени повеќе сиромашни семејства. Акцијата беше спроведена од страна на младите од скопската парохија во соработка со Македонски Kаритас.

Како и претходните години, така и оваа се одржуваат „Деновите на Света Мајка Тереза“, но сега со посебни протоколи поради пандемијата на коронавирусот – Ковид 19, поради којашто се одвива со скратена програма.

Празникот на Света Мајка Тереза ќе биде прославен утре (сабота), 5 септември 2020 година со Света Литургија во 18.00 часот.

Н.С./к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот