Исусовиот поглед допира и до рибарите во текот на нивната секојдневна работа. Тие имаат ноќ без улов. Празните мрежи не го привлекува вниманието на минувачите. Само им преостанува да ги исплакнат мрежите и да се вратат дома. Текот на нивната работа го знаат однапред. Во нивната работа сѐ однапред се знае – освен уловот. И така секој ден. Нивното секојдневие го прекинува Исус затоа што тој не е обичен минувач – го гледа како кај Петар така и кај нас – изобилство на можности во мрежата на нашиот живот. Потоа следи главното: Петар и порај сите правила на риболовот по Исусова волја ја фрла мрежата. Резултатот? Изобилство на риба. Така Исусовото навестување на брегот добива внимание во ликот на Петар, кој верувајќи на Христовиот збор добива изобилство на риба.
Како Петар така и ние често доаѓаме до крајните граници на своите можности, способности, знаења, искуства, доверба. Секојдневните предизвици, стресови и кризи нѐ исфрлаат на брегот на животот и нѐ соочуваат со сопствените немоќи. Тогаш ни се чини дека Бог нѐ напуштил, дека сме препуштени на милост и немилост на околностите, но Божјото Слово – а тоа е мрежа која те зафаќа и изведува на слобода – ни кажува дека следејќи ги стапките на Исусовиот живот доаѓаме во вистинското изобилство. Второ како што Исус го користи коработ на Петар така и нашите животи му се потребни за Радосната вест да допре до сите луѓе. Се служи со нашите животи – без разлика какви се тие – за секој ден да влезе во животите на луѓето. Секако ја очекува нашата соработка. Како што некогаш му кажал на Петар, така и денес ни говори: „Не плаши се! Сакам да ти се дарувам.“ (…)
дон Ивица Хулјев//к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк