Рација во Каритас Санкт Петерсбург

Санкт Петерсбург, 9.4.2013 /к.мк/ – Без никакви најави руските властите во Санкт Петерсбург извршија претрес во Католичкиот Каритас. Андреја Хитцеман од Каритас Интернационалис за Дом Радио Келн изјави:

Тоа е голем шок за вработените во Каритас. Луѓето се навикнати во Русија да бидат контролирани, навикнати се на многу контроли, но обично тоа се случува со некое предупредување или претходна најава. Даночните власти исто многу се интересираат и за тоа, колку пари доаѓаат од странство и за што се трошат парите – тоа е вообичаено. Но овој пат беа претставници на повеќе служби и претресот беше потполно ненајавен. Руските власти извршија детален претрес, а вработените беа понижувани и повеќе од очигледно беше дека сакаат да внесат страв меѓу вработените на Каритас.

Каритас Санкт Петерсбург е Каритас кој што постои повеќе од 20 години, изјави Хитцеман. Толку долго време ги помагаме, и секогаш биле коректна и транспарентна организација. Сепак имаат некое чувство дека ги обвинуваат за нешто, но сепак не знаат за што. Од друга страна пак се револтирани од начинот со кој се постапува со нив.

Директорката на Каритас Санкт Петерсбург упати протесно писмо до властите во име и на други невладини организации, за начинот со кој руските власти постапуваат со нив.

Тие знаат дека ги подржуваме и писмото на директорката од Каритас Санкт Петерсбург го објавуваме на нашата интернет страница како знак на нашата подршка. Сакаме јавно да покажеме, дека сме со нив, дека сме против ваквиот начин на однесување. Во рамките на Каритас мрежата се договараме, за нашите активности за да ја дадеме потребната подршка на Каритас, изјави за Дом Радио Андреја Хитцеман од Каритас Интернационалис.

 

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<