Црквата во Европа моли за жртвите од пандемијата

Црквата во Европа моли за жртвите од пандемијата

Започнувајќи од Пепелница во епископските конференции на европскиот континент според утврден редослед ќе се служи света Литургија за жртвите од пандемијата.

Од Пепелница и во текот на целиот Велики пост претседателите не епископските конференции на Стариот континент нѐ повикуваат на молитва за жртвите од пандемијата.

Многу пати епископите од цела Европа се придружуваа на гласот на папата Фрањо повторувајќи ја близината на Црквата со сите кои се борат со коронавирусот: жртвите и нивните семејства, болните и здравствените работници, волонтерите и сите оние кои се на првата линија во овој така чувствителен час. Сега во Великиот пост кој е пред нас, покренуваат молитвена мрежа, евхаристиски синџир за повеќе од 770.000 луѓе во Европа кои починале од Ковид-19, се наведува во соопштението на Советот на европските епископски конференции објавено ден во пресрет на Пепелница, во вторникот на 16 февруари.

„Заедно ја препознавме можноста, уште повеќе потребата на светите Литургии на посебен начин во текот на овој Велики пост да се сетиме на жртвите, на големиот број жртви од пандемијата“, изјави претседателот на Советот на европските епископски конференции надбискупот на Џенова Анџело Бањаско во видео пораката по повод започнувањето на таа иницијатива. „Сите Епископски конференции во Европа се вклучија во организацијата на барем една света Литургија: тоа ќе биде како создавање на молитвен синџир, евхаристиски синџир во кој ќе си спомнуваме и ќе се молиме за многу луѓе. Во таа молитва исто така сакаме да си спомнеме на семејствата кои се во тага и сите оние кои и во овој час се погодени од таа болест и се загрижени за својот живот.“

„Иницијативата во која се вклучуваат сите европски епископски конференции, според подготвениот календар сака да даде знак на заедништво и надеж за целиот континент: „Ние епископите на Европа – додава претседателот на CCEE – сме со нашите христијански заедници и со нашите свештеници. Благодарни сме на сите кои и понатаму се посветуваат на оние на кои помошта им е најпотребна. Да ги поддржиме во нивното посветено залагање со зборови, а најпрво со молитвите за заедно да гледаме кон подобра иднина.“

Советот на епископски конференции објави и табела со редоследот по денови на кои во поединечни епископски конференции ќе се служи света Литургија за жртвите на пандемијата. Меѓународната епископска конференција „Свети Кирил и Методиј“ според распоредот ќе служи света Литургија на 26 март 2021 година (…)

Календарот не е целосен ќе се дополнува како што ќе пристигнуваат податоците од поединечни епископски конференции.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот