Украина: Помеѓу владата и проруските сепаристи разменети се околу 200 затвореници

Украина: Помеѓу владата и проруските сепаристи разменети се околу 200 затвореници

Размената на затворениците е направена по договорот постигнат на 9 декември во Париз, со помош на таканаречената група Нормандија, која е составена од претставници на Франција, Германија, Украина и Русија

Конечно може да дојде до успешен мировен процес помеѓу Украина и проруските сепаристи од истокот на земјата. Во последните неколку денови, помеѓу Киев и самопрогласената проруска Република Доњецк и Луганск е извршена размена на околу 200 затвореници. Во меѓувреме, продолжува конфликтот во источниот дел на земјата кој започна во април 2014 година, и во кој до сега загинаа 13.000 луѓе. Размената на затворениците е направена по договорот постигнат на 9 декември во Париз со помош на таканаречената група Нормандија, која е составена од претставници на Франција, Германија, Украина и Русија.

Позитивен знак

Џузепе Д’Амато, стручњак за Источна Европа и подрачјето на поранешниот Советски Сојуз, за Радио Ватикан истакна дека станува збор за позитивен знак, иако има уште многу прашања кои треба да се решат. Освен територијалните прашања, исто така постои проблемот со енергетските односи меѓу Русија и Европа, по меморандумот за новиот гасовод ,,Јужен тек”.

Преку зборовите на Папата во Украина пристигна надеж за мир

Размената на затворениците делумно одговара на повиците за мир што папата Фрањо повеќе пати ги упати. Во божиќната порака ,,Urbi et orbi” Папата ја спомна Украина, вклучувајќи ја во светските кризи кои треба итно да се решат.

Зборовите на Светиот Отец беа утеха за луѓето погодени во војната која трае повеќе од пет години, ја разбудија свеста дека не е само во тоа трагедијата на судирот, за кој засега се нема решение – истакна Џузепе Д’Амато

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Вести, Свет
Ознаки папа, Украина

За авторот