Распадот на бракот е резултат на „кризата во методологијата“

Распадот на бракот и семејниот живот, посебно на западот, не е резултат на „кризата во вистината, туку кризата во методологијата“ и „пасторалните програми“ кои не успеваат да одговорат на „големината на културолошките предизвици“ со кои денес се соочуваме – рекоа денес Џефри и Алис Хеинзен, еден од брачните парови кои учествуваат на вонредната синода, по повод говорот на темата „Пасторалната програма за семејството во светот на новите предизвици.“

Во своето сведоштво, Хеинзенови говореа за влијанието на распаѓањето на семејствата врз преносот на верата на новите генерации. Семејството некогаш беше куќна црква, а родителите главните преносители на верата. Денес повеќе не е така: неделната Литургија, молитвата –бројаница навечер, посетување на болни, служењето на сиромашните, па дури ниту молитва пред спиење повеќе не се католички норми. Потребно е да се преиспитат и пасторалните методи за децата кои пораснале без сведоштвото на доживотен брак и потребно е повеќе да се нагласува бракот како повик и повеќе внимание да се посвети на следење на паровите по венчавката – заклучија Хеинзенови.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот