Размисли за ова во своето срце: Потребен сум им на многу луѓе

Размисли за ова во своето срце: Потребен сум им на многу луѓе

Светиот Отец во пораката за овогодинешниот Светски ден на мисиите истакна дека никој не е толку сиромашен, а да не е во состојба да го даде она што има, но пред сѐ она што е.

Во пресрет на празникот Педесетница или Духови објавена е пораката на Папата за овогодинешниот Светски ден на мисиите кој се одбележува на 21 октомври на тема: „Заедно со младите да го донесеме Евангелието до сите.“ Светиот Отец упати порака до младите, но таа е наменета за сите затоа што е уверен дека христијанската вера останува секогаш млада кога ќе се отвори за посланието кое Христос ни го доверува.

Секој човек е послание

Во документот се фокусира на четири точки: животот како послание; навестување на Исус Христос; пренесување на верата до крајот на светот; и конечно сведочење на љубовта. Размислувајќи за животот како послание, Папата напомена дека секој маж и секоја жена е послание и секој од нас е повикан да размислува за следниот факт: „Јас сум послание на оваа земја; тоа е причината зошто сум на овој свет.“ (Evangelii gaudium, 273).

Да се навестува Исус Христос

Потоа го свртува вниманието на навестувањето на Исус Христос поттикнувајќи ги младите да не се плашат од Христос и од Неговата Црква затоа што во нив го пронаоѓаме богатството кое ги исполнува нашите животи со радост. Укажувајќи на примерот на мажите и жените, како и на младите кои од љубов кон Евангелието и кон браќата и сестрите великодушно се жртвувале, Светиот Отец потоа објасни дека Христовиот крст нѐ учи на божествената логика на саможртва како навестување на Евангелието за живот на светот. Во училиштето на светите кое ни ги отвора широките Божји хоризонти, ве повикувам никогаш да не престанете да се прашувате: „Што би направил Христос на моето место?“ – напиша папата Фрањо.

Да се пренесува верата до крајот на светот

Зборувајќи пак за пренесувањето на верата до крајот на светот, Папата објасни дека она што се случува преку заразноста на љубовта, каде радоста и занесот стануваат израз на новопронајдена смисла и исполнување во животот. Ширењето на верата „преку привлечноста“ бара срце кое е отворено и проширено за љубовта, а тоа ширење создава средба, сведоштво, навестување. Создава исто така заедништво во делотворната љубов со сите оние кои се далеку од верата, кои се рамнодушни, па дури и непријателски настроени кон неа

Човечките, културните и верските средини на кои сѐ уште им е непознато Исусовото Евангелие и светотаинското присуство на Црквата претставуваат крајните периферии, краиштата на светот до кои Исусовите ученици се испратени со сигурноста дека Господ секогаш е со нив – пишува Светиот Отец објаснувајќи дека тоа е она што го нарекуваме missio ad gentes. Најопустошени периферии се оние каде човештвото, иако му треба Христос, е рамнодушно кон верата или дури покажува омраза кон полнотата на животот во Бог. Секое материјално и духовно сиромаштво, секој облик на дискриминација против нашите браќа и сестри секогаш е последица на отфрлање на Бог и на неговата љубов – истакна папата Фрањо.

Напоменува дека сѐ повеќе продорниот дигитален свет од една страна ги укинува границите, ја поништува одалеченоста и ја намалува разликата, и сѐ изгледа на дофат на рацете; од друга срана пак затоа што недостасува искрено дарување на нашите животи, можеме да имаме безброј контакти, а повторно никогаш да не го имаме вистинското заедништво на животот. Да се учествува во мисија до крајот на земјата, бара самодарување во посланието кое ни го дарувал Бог поставувајќи нѐ на овој свет. Се осудувам да кажам – продолжува Светиот Отец – дека за младите кои сакат да го следат Христос е клучно да го пронајдат и да се упорни во својот повик.

Да се сведочи љубовта

Размислувајќи пак за сведочењето на љубовта, се заблагодарува на сите црковни реалности кои на младите им овозможуваат лична средба со живиот Христос во Неговата Црква: парохиите, здруженијата, движењата, монашките заедници и различните изрзи на мисионерски служби. Токму по пат на мисионерско волонтерска работа многу млади го пронашле начинот на служење на најмалите наши брќа и сестри промовирајќи го човечкото достоинство и сведочејќи ја радоста на љубовта и да се биде христијанин.

Потоа објаснува дека никој не е толку сиромашен, а да не е во состојба да даде од она што има, но пред сѐ она што е. Во тој контекст Светиот Отец упати на она што го рече на младите Чилеанци за време на својата апостолска посета на таа земја: „Никогаш немојте да мислете дека намаш ништо да понудиш или дека никому не сум му потребен. На многумина си потребен. Нека секој од вас размисли за ова во своето срце: потребен сум им на многу луѓе!“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот