Радио Марија започна со акцијата „Ѕвездено небо за Исус“

Радио Марија започна со акцијата „Ѕвездено небо за Исус“

На 15 декември 2019 година Радио Марија ја започна божиќната акција насловена „Ѕвездено небо за Исус“. По завршувањето на светите Литургии во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица и Катедралната црква „Успение на Пресвета Богордица“ во Струмица, отец Гоце Костов, директор на Радио Марија пред присутните верници ја презентираше акцијата и ги повика верниците великодушно да даруваат за радиото на Богородица.

Радио Марија ја иницира оваа акција за прибирање средства за потребите на радиото. Во текот на наредните недели Витлеемското небо ќе биде поставено во црквата, а вие со вашата донација може да го направите небото да биде ѕвездено. Со донирање на ѕвезда, која ќе ја закачите на ѕвезденото небо, вие веќе сте дел од оваа благородна акција. Секој од вас може да донира и повеќе ѕвезди. Цел е да го осветлиме небото за Исус. Ве молам поттикнете и други да земат учество во оваа акција. Акцијата трае до завршувањето на Божиќните празници. Се надевам дека ќе можеме достојно да го осветлиме небото за доаѓањето на Богомладенецот. На секоја ваша донирана ѕвезда се радува Пресвета Богородица, затоа што со тоа ја поддржувате работата на нејзиното радио и придонесувате христијанскиот глас да влезе во секој дом – рече о. Гоце Костов.

Оваа акција започна во парохиите во Скопје, Струмица и Петралинци, а во наредните денови ќе започне и во другите парохии и во просториите на радиото.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот