Папата до медиумите и новинарите: „Слушајте!“

Папата до медиумите и новинарите: „Слушајте!“

Слушајте“ е насловот на темата што ја избра папата Фрањо за 56. Светски ден на комуникациите, кој ќе се одбележи во 2022 година, соопшти Ватиканскиот прес -центар.

По пораката за 55. Светски ден на социјалните комуникации во 2021 година на тема „Дојди и види“ (Иван 1,46). Комуницираме, сретнувајќи луѓе каде што се и какви што се“, во својата нова порака за Светскиот ден во 2022 година, папата Фрањо им се обраќа на медиумите и новинарите да научат повторно да слушаат, стои во соопштението. „Пандемијата ги погоди и повреди сите, така што секој треба да се слушне и утеши. Слушањето е исто така од суштинско значење за добри информации. Потрагата по вистината започнува со слушање.

Така е и сведочењето преку средствата за социјална комуникација. Секој дијалог, секоја врска започнува со слушување. Ете затоа, за да растеме, исто така професионално, како комуникатори, мора да научиме повторно да слушаме. Самиот Исус бара од нас да обрнеме внимание на тоа како слушаме. За да можете вистински да слушате, потребна ви е храброст, слободно и отворено срце, без предрасуди.

Во ова време кога целата Црква е поканета да слуша за да научи како да биде синодална Црква, сите сме поканети да го откриеме слушањето како основно нешто за добра комуникација“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот