Радио Ватикан станува сѐ повеќе мултимедијално

Цела секција посветена на папата Фрањо со средбите, аудиенциите, литургиите и Tweet пораките. Но, исто така, и апликација за поврзување на вестите со Андроид и платформите на IPhone и Windows Mobile и за да се слушаат сите програми на 37 јазици и 11 азбуки, директни видео емитувања, веб страници, новинарски репортажи. Сето ова на една интернет страна кој ќе им овозможи на посетителите да се запознаат и ги следат одблизу активностите на Папата, ватиканските и меѓународните настани. Ова го нуди новиот интернет портал на Радио Ватикан, кој беше претставен официјално на 12 декември во салата Маркони на Радио Ватикан.

Новиот интернет портал на Радиото на Папата, беше претставен од неговиот Генерален директор, отец Федерико Ломбарди, кој истакна дека „Радио Ватикан ги продолжува своите напори во областа на дигиталната комуникација во служба на Евангелието и Црквата“. Промените на интернет страната, додаде отец Ломбарди, „се однесуваат не само на неговата архитектура и графички изглед, туку исто така, и во организирација на содржината која станува се повеќе мултимедијална, но притоа без да се изгуби од видик Евангелска мисија која е вродена во Радиото на Папата“.

Отец Ломбарди потсети дека Радио Ватикан ја следи постојано еволуцијата на технологијата, за да се стави Папата во контакт со остатокот од светот. Веќе 15 години ватиканската радиостаница инвестира повеќе енергија и напори во мултимедијална комуникација и веќе е присутна на социјалните мрежи. Денес, Радио Ватикан има 17 јазични профили на Facebook, профили на Twitter на 6 јазцици и 9 канали на YouTube. Освен тоа присуствува и во социјалните мрежи Weibo и QQ за кинеските корисници. Сето ова е достапно и преку смартфоните и таблетите. Покрај тоа, за новата дигитална генерација, се создадени специјални апликации кои може да се симнат бесплатно и се видливи за iQs, Andorid и Windows Mobile.

„Ние продолжуваме да бидеме радио во својот класичен облик, преку сателитски преноси, но истовремено и преку веб“, дополни отец Ломбарди. „Главното во работата ни е довербата што се демонстрира од фактот дека никој не го контролира објавеното на 37 јазици на веб страницате на Радиото. За нас е важно вработените во Радио Ватикан – особено раководителите на одделните редакции – да знаат добро за што сме тука и со каков дух и критериуми ја извршуваме нашата мисија“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот