Прости
Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крила, (Псалм 16, 8)
Свети Петар бил човек со став, го прашал Исуса колку често треба да простува, а Исус му даде неочекуван одговор! Суштината на простувањето не се состои во бројките, туку во ставот. Еднаш кога навистина ќе спознаеш дека Бог сѐ ти простува, твојот став ќе се промени, тогаш ќе можеш секому од срце да му простиш.
Во Библијата грешник е оној кому Бог со простување му го ослободува долгот, а тоа ослободување е толку втемелено што Бог повеќе не го гледа гревот, бидејќи гревот како да е фрлен зад Божјиот грб, отстранет, очистен, уништен.
Христос се користи со истите изрази и нагласува дека простувањето е незаслужено, а грешниокот е неспособен да плати, при што простувањето на гревовите е предмет на најраното навестување, заедно со дарот на Духот и тоа е првиот ефект од овој дар. Во апостолските документи се јавуваат и други зборови како: чисти, мие, оправдува – со нив се искажува позитивната страна на простувањето, помирувањето и повторното соединување. Бог веќе уште во Стариот Завет се открива како Бог кој простува.
Од човечка и правна гледна точка простувањето не се оправдува. Зар светиот Бог не би требало со праведност да се објави и да ги казни оние кои го презираат? Но срцето Божје не е како нашето човечко, Тој не ја сака смртта на грешниците, туку го сака нивното преобраќање како би можел обилно да го излие своето простување. Во Новиот Завет откриваме дека Бог простува преку Христос кој дојде за оздравува и да простува! Исус не дојде само да го навестува тоа простување на оние кои со понизна вера му се откриваат, додека горделивоста се затвора, туку Тој тоа простување и го дели и со своите дела сведочи дека располага со власт на простување која е резервирана само на Бог.
Круната на Христовите дела е тоа што на грешниците им ја стекнува прошката на Отецот. Бидејќи дадена му е целата власт на небото и на земјата Воскреснатиот Христос на апостолите им ја дава власта да ги простуваат гревовите. Стариот Завет не само што со посебни прописи ја ограничува одмаздата за одмазда, туку ја забранува омразата кон братот,одмаздата и гневот кон ближниот.
Исус нѐ учи дека Бог не може да му прости на оној кој самиот не простува и дека треба да му простиме на својот брат, ако мислиме да бараме прошка од Бога. Параболата за немилосрдниот должник од Евангелието по Матеј јасно ја нагласува оваа вистина.
Секој ден повторуваме во молитвата „Оче наш“ – „прости нѝ ги долговите наши како што ги проштаваме и ние на нашите должници.“ Треба да бидеме во состојба да кажеме дека простуваме. Исус нѐ го претставува Бог како пример на милосрдието, на оние кои Тој им е Татко и кои мораат да го наследат за да би биле негови вистински деца.
Простувањето не е само предуслов за нов живот, туку тоа е еден од важните фактори на овој живот. Затоа Исус му налага на Петар неуморно да простува.
Ккао простуваме ние и знаеме ли тоа доволно брзо да го правиме? Да се научиме секогаш да го гледаме доброто во другите. Да го следиме примерот на Стефан кој умираше простувајќи, како него да би можеле да го победуваме злото со добро. Христијанинот мора секогаш да простува и тоа од љубов – како и Христос, како и неговиот Отец.
Лаудато/З.А.