Во вечерните часови на 24 декември 2017 година, во парохиската Црква „Свето Благовештение“ во Штип, со Божиќната полноќна Миса, верниците од Штип го прославија „Раѓањето на Исус Христос – Божиќ“.
Светата Миса ја предводеше парох о. Тони Ангелов во сослужение на о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев, парох и капелан во парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица, на која присуствуваа голем број верници од парохијата како и верници – гости од парохијата „Свети Иван Крстител“ во Струмица, кои се приклучија на радоста на овој голем настан.
По светата Миса следуваше дружење и заедништво во божиќна атмосфера.
к.мк