На 19 декември 2019 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литругија во Секирник по повод патрониот празник на парохиската Црква „Свети Никола Чудотворец“
На светата Литургија, покрај верници од Секирник присуствуваа и верници од други парохии од Струмичко-скопската епархија. Во својата проповед епископот Стојанов се осврнувајќи се на денешниот светител, истакна за важноста да се живее верата, правејќи добри дела, делејќи љубов, милосрдие и добрина.
По завршувањето на светата архиерејска Литургија во црковната сала беше организирано на заедничко агапе, приготвено од страна на верниците од Секирник.
Ватикан њуз/к.мк