Прославен патрониот празник „Свети Никола“ во Секирник

На 19 декември 2015 година со света архиерејска Литургија, која ја предводше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија, се прослави патрониот празник на црквата „Свети Никола“ во Секирник. На неа присуствуваа свештеници од Апостолскиот егзахрат во Македонија и свештеници од Скопската бискупија, како и сестри Евхаристинки и бројни вернци од Секирник и околните парохии.

Владиката во својата проповед до верниците го истакна значењето на светата година на милосрдието надоврзувајќи се на заштитникот на Црквата свети Никола, како еден голем човек, кој правел дела на милосрдието и кој треба да послужи за пример, како треба да се делува и живее според волјата Господова.

По светата Литургија следуваше заедничко агапе, кој го приготвија верниците од Секирник.

к.мк/о.Г.Д

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот